26 Април, 2024
0.0321

СЛУЧАЈ РАШКОВСКИ: Имотот „навреме“ префрлен на децата - на Антикорупциска треба да и се даде законска надлежност за проверка на имот

Објавено во: Македонија 20 Април, 2021

Добивај вести на Viber

Веројатно уште кога „бродот почна да се ниша“, екс генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски, уште во декември лани почнал да го префрла целиот свој имот на име на малолетните деца.

Затоа тојн сега нема ништо на свое име, објавија вчера повеќе медиуми во земјава, повикувајќи се на извори од Антикорупциска комисија.

Освен станот во Скопје од 65 квадратни метри, децата на Рашковски сега целосно поседуваат 11.000 квадратни метри во викенд населбата Побожје во подножјето на Скопска Црна Гора.

Како што е познато, тој е во куќен притвор од петокот за набавката на софтверот за сообраќај додека беше генерален секретар на Владата.

Откако оваа вест ја објавија медиумите, пристигнаа и првите реакции во јавноста. Адвокатот Јанаки Митровски прашува дали Рашковски не чул за проширена конфискација на имот.

„На Рашко му даваат куќен место ефекивен притвор, inter alia, бидејки немал имот на свое име кој цел имот пред три месеци го префрлил на име на децата кои заедно имаат шест години.Илјадници пати судии на претходна постапка немањето имот, сосема оправдано, го сметаат за фактор да се определи мерка, бидејки нема имот кој го врзува, само за Рашко тоа не е случај.Инаку Рашко како добитник на 11 златни и две сребрени медаљи бла бла, и два доктората, не чул за проширена конфискација. Сем ако не се докаже дека Дедо Мраз им го донел имотот а кај нас и тоа бива.Не бе, не е по договор!!!!“, пишува адвокатот во својата објава на фејсбук.

А токму од ДКСК, во својот извештај за работењето кој го објавија за минатата година, укажуваат на проблемот кој го имаат со докажувањето на имотната состојба на функционерите.

Имено, сегашниот закон нема утврдено рокови за јавна достапност на наведените податоци за имотната состојба на функционерите, а постојната електронска апликација на ДКСК обезбедува достапност на податоците во периодот на актуелниот мандат на едно избрано или именувано лице, и нивно автоматско отстранување по престанокот на мандатот.

„Општо е позната состојбата за прикривање на вистинскиот сопственик при стекнување имот во период на активен мандат на избрано или именувано лице, исто како што е познато дека извесен период по престанокот на мандатот состојбите со имотот се менуваат. Законската регулатива, но и непостоење на општ закон за потекло на имотот ги спречува институциите, меѓу кои и ДКСК, за преземање соодветни активности за докажување дека истиот е стекнат поради коруптивни активности или злоупотреба на функција“, децидни се од антикорупциска комисија.

Затоа, тие велат дека има потреба од пропишување на временски период за јавност на податоците од Изјавата за имотна состојба и интереси во подолг период од периодот на мандатот на избраните и именуваните лица, потоа, ДКСК да има законска надлежност да спроведува постапка за проверка на имотот и по престанок на нивната функција, но и да се донесе Закон за потекло на имотот.

„Наброените одредби и објаснувања за проблемите со кои се соочува ДКСК при нивната примена, се само дел од останатите одредби, кои заради недоречености или други недостатоци се детектирани и влијаат врз ефикасноста во однос на превентивните мерки и во напорите за спречување на корупцијата и судирот на интереси“, укажуваат антикорупционерите во својот извештај за работењето за минатата година.

Инаку, Државната комисија за спречување на корупцијата има надлежност да проверува сомнежи за коруптивно однесување, судир на интереси, непријавување на имот и интереси, како и да ги проверува изјавите за имот, а сето тоа го темели на основа на пријави од правни или физички лица, и тоа анонимни или познати, по допрен глас или по сопствена иницијатива, но и по годишни планови.

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

„СДСМ КО ЕДВАЈ ДА ЧЕКАШЕ ДА ИЗГУБИ“: Колозова во нејзин стил, вели нема кој да не вади од паланкава

„СДСМ КО ЕДВАЈ ДА ЧЕКАШЕ ДА ИЗГУБИ“: Колозова во нејзин стил, вели нема кој да не вади од паланкава

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се сумираат резултатите од изборите, Силјановска со голема разлика пред Пендаровски

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се сумираат резултатите од изборите, Силјановска со голема разлика пред Пендаровски

ХАЈРЕДИНИ: Што ќе се случи ако Македонците се обединат?

ХАЈРЕДИНИ: Што ќе се случи ако Македонците се обединат?

МИЦКОСКИ: Мобилизацијата на граѓаните ќе биде одговор на евентуален бојкот на СДСМ и на ДУИ на вториот круг

МИЦКОСКИ: Мобилизацијата на граѓаните ќе биде одговор на евентуален бојкот на СДСМ и на ДУИ на вториот круг

ДИК: Tечат роковите од 48 часа за приговори, на трите места во Куманово нема да се прегласува

ДИК: Tечат роковите од 48 часа за приговори, на трите места во Куманово нема да се прегласува

МЕТА: Победата на Силјановска-Давкова ќе биде уште поголема во вториот круг

МЕТА: Победата на Силјановска-Давкова ќе биде уште поголема во вториот круг

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Што пишуваат за првиот круг од претседателските избори во Македонија?

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Што пишуваат за првиот круг од претседателските избори во Македонија?

(ВИДЕО) ГРУБИ СО КУФЕР ДОЈДЕ ПРЕД ОПШТИНА ЧАИР: Сега земете го куферот и одете дома

(ВИДЕО) ГРУБИ СО КУФЕР ДОЈДЕ ПРЕД ОПШТИНА ЧАИР: Сега земете го куферот и одете дома

ЕВЕ ВО КОЈА ОПШТИНА ВАНКОВСКА ГО ПРЕТРКА МАКСИМ, А КОЈ ЕЗЕРСКИ ГРАД СЕ ОПРЕДЕЛИ НАЈСИЛНО ЗА ДАВКОВА - гласање во најголемите места во внатрешноста

ЕВЕ ВО КОЈА ОПШТИНА ВАНКОВСКА ГО ПРЕТРКА МАКСИМ, А КОЈ ЕЗЕРСКИ ГРАД СЕ ОПРЕДЕЛИ НАЈСИЛНО ЗА ДАВКОВА - гласање во најголемите места во внатрешноста