СЛОВЕНИЈА ВО ВРЕМЕТО НА НЕЗАВИСНОСТА И ДЕНЕС: Нивниот БДП сега е шестпати поголем
Објавено во: Економија 20 Јуни, 2024 15:08
Словенечкиот БДП е шестпати поголем отколку во времето на независноста.
За претстојниот Ден на државноста, Заводот за статистика на Република Словенија подготви преглед на податоци за состојбата во однос на 1991 година во времето на независноста. Лани бруто домашниот производ (БДП) по глава на жител беше скоро шестпати поголем отколку во 1991 година.
На почетокот на 2023 година во Словенија живееле 2.116.972 жители, што е за 117.027 жители или 5,9 отсто повеќе отколку во времето на независноста. За тоа време учеството на населението под 15 години се намалило за повеќе од пет процентни поени, од 20,6 на 15 отсто. Уделот на лицата над 64 години е зголемен од 10,8 отсто на 21,4 отсто.
Во историјата на Словенија инфлацијата била највисока во времето на независноста. Словенија лани ја посетиле 6,2 милиони туристи. Во споредба со 1991 година имало четирипати повеќе туристи, а трипати повеќе ноќевања. Лани 28,4 отсто од сите ноќевања оствариле домашни туристи, а 71,6 отсто странски туристи. Најголем дел од нив биле од Германија, односно 16,4 отсто. Најмногу, 31,1 отсто од ноќевањата имало во планинските општини, потоа следат бањите (19,6 отсто) и крајбрежните општини (19,1 отсто).
foto freepik.com
Можеби ќе ве интересира
КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември
Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година
Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите
Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети
Кока-Кола добива нов извршен директор: Енрике Браун ќе ја преземе функцијата во март
Индустријата и потрошувачите можат да здивнат: ЕУ се согласи да ја укине забраната за бензин и дизел автомобили до 2035 година
СЕ ЗГОЛЕМУВА ЦЕНАТА НА БЕНЗИНОТ: Оваа земја прв пат по 2019 година ја качува цената на горивото
ТАЈНО КУПУВААТ РУСКА НАФТА, А НАС НЕ КРИТИКУВААТ: Сијарто со обвинувања до западноевропските земји




