Слика која ја нашле на фарма ја продале за милионска сума
Објавено во: Свет 31 Јануари, 2023 09:32
Изгубено дело на Ентони ван Дајк минатата недела e продадено за три милиони долари. Сликата е најдена на фарма во Киндерхук, Њујорк. Алберт Б.Робертс е човекот кој ја купил скицата за само 600 долари. Но, набргу потоа, историчарката на уметност Сузан Џ. Барнс објавила статија во која ја опишала скицата како „изненадувачки добро сочувано“ дело на Ван Дајк.
Слика на фламанскиот уметник Ентони ван Дајк, која беше пронајдена на една фарма кон крајот на 20. век, сега е продадена за нешто повеќе од три милиони долари на аукција, објави „Си-ен-ен“.
Пронајденото дело е скица за подоцнежната слика на фламанскиот уметник, наречена „Свети Јероним“ . Сега конечната верзија на сликата се наоѓа во музејот „Boimans van Boningen“ во Ротердам во Холандија.
Скицата, на која е прикажан гол повозрасен маж како седи на стол, според аукциската куќа „Сотби“ е уникатна поради неколку причини. Таа е една од двете големи скици што Ван Дајк ги направил од живи модели. Се смета дека е насликана помеѓу 1615 и 1618 година, додека Ван Дајк бил млад уметник кој работел со Питер Пол Рубенс во Антверпен, Белгија.
Уметникот имал сопствен специфичен стил кој се карактеризира со одредена строгост, официјалност, истовремено доловувајки елеганција и достоинство кај неговите модели. За сликање на познати личности наплатувал добри суми.
Фото: EPA/KOTE RODRIGO
Можеби ќе ве интересира
Москва не отстапува од територијалните барања: Кремљ песимист за мировните разговори во Берлин
ПУКАЊЕ ВО СИДНЕЈ: Масакр на плажа, убиени најмалку 12 лица
ЕУ ГО ЗАМРЗНА РУСКИОТ ИМОТ: Фон дер Лајен порача дека ако Русија и натаму војува, трошоците само ќе растат
(ВИДЕО) ПОПЛАВИ ВО САД: Куќи се кренаа од темели, мостови се уништени
(ВИДЕО) Напад во Црното Море: Ракета „Искендер“ погоди турски патнички и товарен брод во Одеса
Стариот континент доминира на листата на најдобри – еден град отиде чекор понатаму
Трамп потврди дека САД ќе почнат напади врз копнените маршрути по кои се транспортира дрога од Венецуела
(ВИДЕО) Зеленски шета низ Купјанск за кој Русија oбјави дека го окупирала




