Славчо Попоски: Чудовиштето од циклон се приближува кон Македонија
Објавено во: Македонија 09 Декември, 2022 14:57
Метеорологот Славчо Попоски вели дека моќниот циконски систем од запад полека му се приближува на регионот и на Македонија и истиот веќе започна да влијае на времето кај нас и тоа условувајќи силно невреме во Далмација, Хрватска. Слаби локални врнежи има и во западните предели од Македонија.
Од денес ќе започне да засилува јужниот и југоисточниот ветер кој би можел да прави проблеми понатаму.
„Особено за време на викендот и во текот на следната седмица во регионот и кај нас во Македонија ќе има чести и обилни врнежи од дожд кои би можеле да условат и локални поплави, па затоа препорачуваме крајна претпазливост. Со продорот на студен воздух од север, во регионот и тоа особено во Словенија, Хрватска и Босна се очекуваат и интензивни снежни врнежи кои би можеле да прават исто така проблеми. Особено на планинските места се очекува и значителна снежна покривка. Кај нас во Македонија врнежи од снег барем засега ќе има само на планините, но постои опасност од локални поплавувања поради очекуваните интензивни врнежи од дожд кои ќе бидат проследени со силен ветер од јужен и од југоисточен правец“, вели Попоски.
Температурите остануваат натпросечно високи и максималните дневни понатаму ќе се искачуваат во интервалот од 12 до 16 степени, додека пад на истите се очекува од понеделник па натаму.
Поради силното јужно и југозападно воздушено струење, од Сахара кон нашата територија ќе се врши транспорт на прашина и песок, па така и атмосферата ќе биде заматена, како што е случајот денес. Исто така со овој моќен циклон, зголемен е ризикот од можни поплави и во регионот каде локално се очекува да наврнат над 100 л/м2 воден талог, во Македонија и над 40 – 50 л/м2 воден талог за кратко време.
Можеби ќе ве интересира
Стафа примил мито од 50.000 евра за да влијае кај судија
СЕ ОГЛАСИ ДИМИТРИЕВСКИ ЗА МИГРАНТСКИТЕ КАМПОВИ: „ЗНАМ нема никогаш да даде поддршка“
Крај на опасната крстосница во Аеродром: Се поставува семафор на улицата Васко Карангелески
ТОШКОВСКИ ПОТВРДИ ДЕКА Е УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Повеќе детали најавува наскоро
ВИДЕО: ДЕЦА КРВНИЧКИ СЕ ТЕПАА ВО САРАЈ: ОЈО побара судска постапка спрема 5 деца
Макстил: Информациите за пожар не се однесуваат на нашата компанија
Започна демонтажа на стариот радар на Аеродромот Скопје, авионскиот сообраќај се одвива непречено
Контрола во угостителски објекти во Куманово, затекнати малолетници после 24:00 часот
Од 9 часот не работи радарот за контрола, полетувањата и слетувањата ќе доцнат по час и половина




