30 Април, 2024
0.0326

Сланина, сол и многу малку ореви, ова е храната поврзана со многу смртни случаи

Објавено во: Свет 08 Март, 2017

Добивај вести на Viber

Сланина, сол и многу малку ореви во исхраната се врзани за голем дел од американските смртни случаи. 

Ова се некои навики во исхраната кои според новото истражување имаат врска со смртта од срцеви болести, мозочен удар и дијабетес.

Прејадувањето или тоа што не се јаде доволно од 10 видови на храна и хранливи материи придонесува за речиси половина од смртните случаи во САД, од овие причини, покажува студијата. 

„Добрата храна“, која се внесува помалку отколку што треба вклучува: ореви, семки, морска храна богата со омега-3 масни киселини, лосос, сардина, овошје, зеленчук и цели зрна. 

„Лошата храна“ или хранливи материи кои се конзумираат многу вклучуваат сол и солена храна,  обработено месо вклучувајќи сланина, црвено месо, вклучувајќи стекови , хамбургери и засладени пијалоци.

Истражувањето се базира на податоци од американската влада кои покажуваат дека имало околу 700.000 смртни случаи во 2012 година од болести на срцето, мозочен удар и дијабетес. При анализа за националните здравствени истражувања,  побараа од учесниците да кажат кои се нивните навики во исхраната. Повеќето од нив не ја јадат храната која се препорачува. 

10 состојки во комбинација придонесуваат за околу 45% од тие смртни случаи, се вели во студијата.

Тоа може да звучи како познат напад на типична американска диета, а истражувањето ги повторува претходните студии за придобивките од  здрава исхрана. Но, студијата оди во повеќе детали на одредени видови на храна и нивните ризици и придобивки, вели водечкиот автор Рената Миха, истражувач на јавното здравје и нутриционист на Универзитетот Тафтс.

Резултатите беа објавени во вторникот во списанието на Американското медицинско здружение.

На пример, студиите покажаа дека вишокот на сол може да го зголеми крвниот притисок, ставајќи акцент на артериите и срцето. Јаткастите плодови содржат здрави масти кои може да го подобрат нивото на холестерол, додека сланината и другите преработки од месо содржат заситени масти кои може да го подигнат нивото на нездрав холестерол.

Во студијата, премногу сол е најголем проблем, поврзан со речиси 10% од смртните случаи. Прејадување обработено месо и мало внесување на ореви, семки и морски плодови се поврзани со околу 8% од смртните случаи.

Како добри состојки се препорачуваат: 3 овошки дневно, 2 чаши варен или суров зеленчук 4 чаши дневно,  неделно  околу 20 ореви, зрнеста храна половина порција дневно. 

Од лошите состојки се препорачува: црвено месо: 1 порција неделно - 1 средно голем стек, сол само под една лажичка дневно, а преработки од месо и засладени пијалоци не се препорачуваат. 

Можеби ќе ве интересира

НОВА ДРАМА ВО БРИТАНСКИОТ ДВОР: Хари доаѓа во Лондон, но нема да се види со татко си

НОВА ДРАМА ВО БРИТАНСКИОТ ДВОР: Хари доаѓа во Лондон, но нема да се види со татко си

„АстраЗенека“ призна дека нејзината вакцина против Ковид-19 може да предизвика несакани ефекти

„АстраЗенека“ призна дека нејзината вакцина против Ковид-19 може да предизвика несакани ефекти

ЦЕЛИОТ СВЕТ СВРТЕН КОН ЗЛАТОТО: Најбезбедна инвестиција

ЦЕЛИОТ СВЕТ СВРТЕН КОН ЗЛАТОТО: Најбезбедна инвестиција

НАЈГОЛЕМАТА ЕВРОПСКА БАНКА ОСТАНА БЕЗ ДИРЕКТОР: Зошто Квин си даде оставка?

НАЈГОЛЕМАТА ЕВРОПСКА БАНКА ОСТАНА БЕЗ ДИРЕКТОР: Зошто Квин си даде оставка?

ПЛАНИРАТЕ ДА СЕ ПРЕСЕЛИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА? Еве колку долго ќе барате стан

ПЛАНИРАТЕ ДА СЕ ПРЕСЕЛИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА? Еве колку долго ќе барате стан

ПРВ БАНКРОТ ВО 2024 ГОДИНА: Еве зошто оваа банка не успеа

ПРВ БАНКРОТ ВО 2024 ГОДИНА: Еве зошто оваа банка не успеа

ДОЛАР СО ГРЕШКА ВРЕДИ ВИСТИНСКО БОГАТСТВО: Милиони вакви банкноти кружат, потрагата не запира, но досега се откриени само 18

ДОЛАР СО ГРЕШКА ВРЕДИ ВИСТИНСКО БОГАТСТВО: Милиони вакви банкноти кружат, потрагата не запира, но досега се откриени само 18

САД КУПИЈА АВИОНИ ОД ДРЖАВА КОЈА Е РУСКИ СОЈУЗНИК: Дали тие ќе завршат во Украина?

САД КУПИЈА АВИОНИ ОД ДРЖАВА КОЈА Е РУСКИ СОЈУЗНИК: Дали тие ќе завршат во Украина?

(ВИДЕО) МУСЛИМАНИТЕ ПОВИКАА НА КАЛИФАТ И ШЕРИЈАТ: Извикуваа „Алах Акбар“ на улиците на Хамбург

(ВИДЕО) МУСЛИМАНИТЕ ПОВИКАА НА КАЛИФАТ И ШЕРИЈАТ: Извикуваа „Алах Акбар“ на улиците на Хамбург