СКРОМНИОТ МИЛИЈАРДЕР ВТОР НАЈБОГАТ: Како Амансио Ортега го „лизна“ Џеф Безос од второто место?
Објавено во: Финансии 03 Август, 2017
Мистериозниот милијардер и основач на Зара Амансио Ортега тивко го истурка сопственикот на Амазон Џеф Безос како втор на листата најбогати.
Така Безос кој минатата недела за момент беше најбогат човек на светот, сега е на трето место (на прво повторно е Бил Гејтс).
Таа рокада на врвот се одигрува така што се котира и вредноста на нивниот бизнис.
Безос падна поради падот на вредноста на акциите на Амазон, а Отега, сега се преценува дека вреди 85,5 милијарди долари. (Безос има 84,6).
Живот подалеку од очите на медиумите
Често пишувавме за Ортега дека се знае малку, иако е толку богат. Живее скромно и на улица ретко би го препознале. Овој Шпанец, ја основал Зара во 1975 година, со сопругата Росалија, а денес ги држи и Масимо Дути и Пул енд бер.
Ортега дал само три интервјуа. Ако се појави на некој јавен настан, не би носел ништо од Зара туку маица со обичен крој.
Секој ден оди во ист кафе бар, а руча со работниците во кантина. Во слободно време јава коњи или се грижи за кози и кокошки.
Ја купил една од највисоките згради во Шпанија која го чинела 536 милиони долари. Сопственик е на еден хотел во Мајами, а вози Ауди А8.
Позната е неговата изјава дека не сака да користи годишен одмор бидејќи премногу сака да работи.
Кој е Амансио Ортега – милијардерот од Ла Коруња?