СКОРО ДВА МЕТРА СНЕГ ВО СЛОВЕНИЈА НА НЕКОИ МЕСТА: Земјата е затрупана по снежното невреме
Објавено во: Балкан 03 Декември, 2023 16:40
Снежно невреме во
текот на ноќта и во теков на денов предизвика проблеми низ Словенија, а
најмногу снег има во Кредарица кај Триглав, каде падна метар и половина снег,
па сега дебелината на снежната покривка на тоа место е 180 сантиметри.
Како што јави словенечката новинска агенција СТА, поради снег на некои патишта има делумен прекин на сообраќајот, а поради силно невреме затворена е и делницата од автопатот од Приморска до Љубљана, меѓу Кастелец и Козина.
Големо количество
снег падна во регионите на Нотрањска и Кочевско, како и во делови од централна
Словенија, додека снежна покривка нема само во некои делови на Горење, објави
порталот 24ur.com.
Според податоците на Управата за цивилна заштита и помош, најмногу интервенции се забележани во Словењ Градец, а потоа во Целје, Љубљана, Марибор и Птуј. Упатени се вкупно 17 противпожарни единици за расчистување на паднатите дрвја од коловозите.
Едно дрво падна на општината Словењска Бистрица, додека дрвја паднаа и врз далноводи, па некои домаќинства останаа без струја, на потегот меѓу Межица и Марибор на североистокот на Словенија. Во главниот град Љубљана висината на снежната покривка е четири сантиметри.
фото: ФБ/Neurje.siМожеби ќе ве интересира
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација
Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата
Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии
Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни
Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата
Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени
Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството




