05 Декември, 2025
0.2029

СКОР ОД СТРАНСКИ ИНВЕСТИЦИИ: Колку лани за цела година, годинава за половина, ама сумите разочарувачки

Објавено во: Економија 01 Септември, 2021 08:34

Добивај вести на Viber

Во текот на второто тромесечје годинава вкупните директни инвестиции во земјата се 207, 4 милиони евра, измери Народната банка. Што ги зголеми нето приливите- врз основа на меѓукомпанискиот долг има прилив од 101,6 милиони евра, реинвестираната добивка за 75,1 милион евра, а внесот на сопственички капитал е згоголемен за 30,8 милиони евра.

Од почетокот на годината, вкупните директни инвестиции во земјата изнесуваат 244,3 милиони евра, затоа што првиот квартал беше исклучително слаб односно тогаш како нето приливи беа само околу 25 милиони евра. Вкупниот скор за полугодието е резултат на растот на реинвестираната на добивката и сопственичкиот капитал. 

Годинава има добар резултат со оглед на тоа што лани за време на целата година во земјава имаше приливи од странски капитал во вредност од 240 милиони евра.  Минатата година беше пандемиска година, во која поради предизвиците од здравствен аспект настрада и економијата, а реалниот сектор се уште има потреба од фискален стимул за да издржи.  Во вакви околности, сметаат аналитичарите, можеше да се поентира и дел од изгубеното да се компензира со поголеми приливи од странски инвестиции, особено што поради кризата имаше некои поместувања на пазарите и зголемување на атрактивноста на овој регион за западните инвеститори. 

Во 2019 година вкупните директни инвестиции во земјата изнесуваат 326,3 милиони евра. Ова е лош резултат ако се споредува со годината пред тоа односно со 2018 година кога имаше своевиден рекод во овој поглед односно во тој период влегоа во земјата странски инвестиции вредни дури 624 милиони евра.

2020 година - 239,8 милиони евра

2019  година  326,3 милиони евра

2018 година   624,49 милиони евра

2017 година  181,73 милиони евра

2016 година  338,43 милиони евра

2015 година  216,72 милиони евра

2014 година   205,14 милиони евра

2013 година   252, 20 милиони евра

А.Т.


* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното

Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното

Угостител од Чаир стана директор на „Номагас“

Угостител од Чаир стана директор на „Номагас“

ПРЕДНОВОГОДИШНО РИПНАЛЕ ЦЕНИТЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ: Еве што покажува статистиката

ПРЕДНОВОГОДИШНО РИПНАЛЕ ЦЕНИТЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ: Еве што покажува статистиката

ОД 11 ДЕКЕМВРИ НЕМА ПОВЕЌЕ ВОЗ НА ДЕЛНИЦАТА СКОПЈЕ-ЗЕЛЕНИКОВО: Почнува реконструкцијата на пругата

ОД 11 ДЕКЕМВРИ НЕМА ПОВЕЌЕ ВОЗ НА ДЕЛНИЦАТА СКОПЈЕ-ЗЕЛЕНИКОВО: Почнува реконструкцијата на пругата

РКЕ го намали надоместокот за мрежарина за електрична енергија

РКЕ го намали надоместокот за мрежарина за електрична енергија

ДОЦНА НАВЕЧЕР СЕ ПОТПИШУВАА РЕШЕНИЈА: Субвенции за набавка на клима уреди во Скопје

ДОЦНА НАВЕЧЕР СЕ ПОТПИШУВАА РЕШЕНИЈА: Субвенции за набавка на клима уреди во Скопје

КУПИЛ ДВЕ НАПУШТЕНИ ШТИПСКИ СЕЛА: Косовски бизнисмен бара од Владата да ја гради најголемата фотоцентрала

КУПИЛ ДВЕ НАПУШТЕНИ ШТИПСКИ СЕЛА: Косовски бизнисмен бара од Владата да ја гради најголемата фотоцентрала

АЛЕКСАНДАР МАНЕВ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „Кадарот го создава духот на компанијата“

АЛЕКСАНДАР МАНЕВ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „Кадарот го создава духот на компанијата“

Венецуела го зголеми дневниот извоз на нафта во ноември

Венецуела го зголеми дневниот извоз на нафта во ноември