13 Мај, 2024
0.0307

СКОПСКО со нов изглед

Објавено во: Мои пари 27 Декември, 2012

Добивај вести на Viber

Новите стандарди  и современите трендови ја потикнаа Пивара Скопје АД да го промени  визуелниот идентитет на водечкиот бренд во своето портфолио – СКОПСКО. Дизајнот на новото стаклено шише на `Скопско` 0,33л е комбинација на најдобрите светски практики и корисните повратни информации од љубителите на пивото во Македонија. -Уште од 1924-та, СКОПСКО претставува автентичен производ, секогаш иновативен за времето во кое опстојува, со уникатен и непроменет вкус од совршена комбинација на врвни состојки и многу знаење и страст за правење пиво. Оваа приказна која сите ние така добро ја познаваме и гордо ја нарекуваме „Вкусот на Македонија", сега добива нова, возбудлива форма, а суштински останува иста", вели Соња Тодорова, маркетинг менаџер на Пивара Скопје АД. Со децении, `Пивара Скопје` АД вложува големи ресурси, енергија и посветеност во градење и одржување на идентитетот на брендот `Скопско` кој прерасна во уникатен спој на македонските традиционални вредности и модерните трендови. Следејќи ја сопствената бренд филозофија, `Скопско` е повеќедеценски поддржувач и партнер на најзначајните културно-уметнички, забавни и спортски манифестации и случувања во земјава, но истовремено и верен сопатник на сите наши задоволства, успеси, прослави, но и копнежи, стремежи и надежи. Создаден за уживање во енергијата на чаршијата и гурманските доживувања, во татнежот на зурлите и тапаните, но и во ритамот на современите музички ритми,`Скопско` со златножолта боја и цврста бела пена низ децениите прерасна во вистински синоним за пиво во Македонија. Новата стаклена амбалажа на `Скопско` 0,33л се очекува понатаму да ја продолжи оваа успешна приказна и да придонесе кон продлабочување на неговата врска и блискост со љубителите на единственото пиво кое со гордост може да се нарече „Вкусот на Македонија"

Можеби ќе ве интересира

Имлек Протеин - моќ и енергија за 1650 спортисти на “Скопје трча”

Имлек Протеин - моќ и енергија за 1650 спортисти на “Скопје трча”

Благодарност до македонската ракометна јавност

Благодарност до македонската ракометна јавност

Прв регионален Health & Fitness форум во земјава

Прв регионален Health & Fitness форум во земјава

Заборски од „Макпетрол“ петти во Европа на шампионатот во Задар

Заборски од „Макпетрол“ петти во Европа на шампионатот во Задар

Развојот на првиот Porsche 911 со хибриден погон заврши успешно

Развојот на првиот Porsche 911 со хибриден погон заврши успешно

Денеска се одржа 8. издание на „Халк Еко Скопје Трча 10км“ 1650 учесници застанаа на старната линија

Денеска се одржа 8. издание на „Халк Еко Скопје Трча 10км“ 1650 учесници застанаа на старната линија

БРАКО ЌЕ ПРОМОВИРА НОВО ЕЛЕКТРИЧНО ВОЗИЛО НА САЕМ ВО МИНХЕН

БРАКО ЌЕ ПРОМОВИРА НОВО ЕЛЕКТРИЧНО ВОЗИЛО НА САЕМ ВО МИНХЕН

Реализирани 200 бесплатни дермоскопски прегледи на бенки со Mole mah HD

Реализирани 200 бесплатни дермоскопски прегледи на бенки со Mole mah HD

Децата е најважно да ги научиме да размислуваат

Децата е најважно да ги научиме да размислуваат