05 Мај, 2024
0.0254

СКОПЈЕ ОДЛУЧИ: Кејот на Вардар ќе стане улица!

Објавено во: Економија 23 Септември, 2015

Добивај вести на Viber

На Кејот 13-ти Ноември ќе се гради пристапна улица со режим на сообраќај. Одлуката ја изгласаа советниците на Град Скопје. Улицата ќе биде наменета за потребите на новите гради на плоштадот Македонија, но и за тие околу плоштадот. Договорот за изградба на улицата Градот Скопје го потпиша со компанијата „Дивелоп груп“. Според образложението на градот, улицата ќе се гради веднаш до ѕидот на кејот, и е во согласност со деталниот урбанистички план Мал Ринг, донесен од страна на Советот на општина Центар во декември 2012-та година. Проектот го има изработено “Чакар & Партнерс” верификуван од општина Центар лани, а основниот проектот за изградба на улицата и аза атмосферска канализација е верификуван во мај годинава. Пристапната улица ќе се протега од улицата Филип II до зградата на “Телеком” на плоштад. По овој дел од кејот и сега минуваат возила. -Друштвото за производство, трговија и услуги Дивелоп Груп Дооел Скопје  достави барање од 11.09.2015 година до Град Скопје. Заедно со барањето Инвеститорот достави и проектна документација при што Градот Скопје утврди дека се во согласност со ДУП и проект за инфраструктура за наведената локација. Изградбата и реализацијата на објектот е во надлежност на инвеститорот Друштвото за производство, трговија и услуги Дивелоп Груп Дооел Скопје. Инвеститорот од член 1 на оваа одлука е должен изградбата да ја изврши на своја сметка, а во име на Град Скопје и по изградбата да го стави во употреба објектот. За реализацијата на овој проект, Градот Скопје нема финансиски импликации во поглед на  изградба на пристапната улица од причини што инвеститорот ја превзема обврската на своја сметка да ги изгради, се посочува во образложението на Град Скопје. Оваа пристапна улица првично требаше да биде подземна. Уште во 2008 година од Градот Скопје изјавија дека во градежната дозвола за објектот на “Телеком”, инвеститорот односно “Дивелоп Груп” беше задолжен за година и пол да ја изгради и пристапната улица. -Подземната сообраќајница стои во Деталниот план донесен од Општина Центар и е предвидена исклучиво за да може да се стави маркичка на оваа локација. Улицата е неопходна за да има сообраќаен пристап до објектот, без што тој не може да помине на технички прием. Практично, ако инвеститорот не ја направи сообраќајницата, џабе ја гради зградата, ова е ставот на Градот Скопје во ноември 2008 година. Но потоа следуваа серија измени на ДУП-от Мал Ринг, меѓу кои и таа дека не треба да биде подземна туку надземна пристапна улица, а за изградбата тогаш се обврзаа локалните власти.  Сега изградба на пристапната улица е повторно во рацете на “Дивелоп Груп” . Компанијата Дивелоп Груп освен по изградбата на зградата на Телеком, на јавноста и е позната и како инвеститор на хотелот Мериот што се гради на плоштадот Македонија. Инвестицијата за хотелот е во износ од 37 милиони евра, а хотелот се протега на површина од 20.000 метри квадрати Ј.С. фото Буилд.мк

Можеби ќе ве интересира

СРБИТЕ ОДАТ НА СЕЗОНСКА РАБОТА ВО ХРВАТСКА: Зошто оваа земја е примамлива за нив?

СРБИТЕ ОДАТ НА СЕЗОНСКА РАБОТА ВО ХРВАТСКА: Зошто оваа земја е примамлива за нив?

ХРАНАТА ВО СВЕТОТ ПОСКАПУВА: Шеќерот поевтини поради позитивни сигнали од три земји

ХРАНАТА ВО СВЕТОТ ПОСКАПУВА: Шеќерот поевтини поради позитивни сигнали од три земји

ВАЛУТИ: Зошто паѓа вредноста на доларот во однос на јенот?

ВАЛУТИ: Зошто паѓа вредноста на доларот во однос на јенот?

ИЗБЕГАА ОД МОБИЛИЗАЦИЈА: Зошто Русите сега се враќаат дома?

ИЗБЕГАА ОД МОБИЛИЗАЦИЈА: Зошто Русите сега се враќаат дома?

НАЈБОГАТИ ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ: Kaде на листата е Илон Маск?

НАЈБОГАТИ ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ: Kaде на листата е Илон Маск?

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години