05 Мај, 2024
0.0268

СКОПЈАНКА РАСКАЖУВА КАКО ДА СЕ СНАЈДЕТЕ ВО ДАНСКА: Платите се примамливи

Објавено во: Економија 18 Декември, 2017

Добивај вести на Viber

Платите во Данска се движат од 2.500 евра па нагоре, а кириите се околу 800 евра, додека храната е со цени слични на оние во Македонија, со исклучок на некои производи.

Вака животот во Данска го опишува Сабина Љатифовска од Скопје која живее во Копенхаген. Таа објаснува дека во оваа земја се бараат медицински сестри и дека со оваа струка лесно може да се најде работа.

Во Данска постојат закони кои не се како во другите европски земји,  тука постојат професии кои спаѓаат во  таканаречена позитивна листа  како на пример медицинска сестра која е многу барана професија и може да се аплицира за работна виза во траење од три години, која подоцна може да се продолжи доколку работодавачот е задоволен од вашата работа,  но во Данска претежно сите кои се дојдени од Македонија бидејќи Македонија спаѓа во трета група на земји кои не се членки на ЕУ е многу потешко за добивање на престој. Доколку немате друга можност најлесно е со бугарски пасош за добивање престој.  Најчесто Македонците тука се вработуваат во Ренгоринг системот( оджување на хигиена ) по фирми, болници, барови,  пабови и слично.  Она што е добро во Кралството Данска се платите, најниската плата е 2500 евра во зависност на одработени часови, а  тоа значи работа која некогаш може да биде и за викенд.  Кириите се движат од 800 евра во која е вклучено парно, гас, вода, струја. Цените на храната се слични со Македонија, а  некои производи се поскапи“ – вели Љатифовска.

Раскажува дека во Данска има голем број на македонски граѓани кои таму се заминати по работа и обезбедување на егзистенција.

Таа додава дека најсигурно е да се замине преку имиграционо затоа што таму се добиваат точни информации.  Љатифовска вели дека документите за завршено образование мора да поминат авторизација.

„Во Краството Данска постои министерство каде што се праќаат документите за авторизација на средното или виското образование. Најсигурно е доколку имате бугарски пасош, но исто е сигурно преку family reunification доколку другата личност има пермамент односно постојан престој на живеење“ – рече Љатифовска.

Таа е медицинска сестра по професија, која наскоро очекува вработување во Данска, и  вели дека е задоволна од она што оваа земја го нуди за живот.

За оние кои планираат да се преселат во Данска, вели дека е неопходно да ги познаваат или данскиот или англискиот јазик. 

Сања Атанасовска

Можеби ќе ве интересира

СРБИТЕ ОДАТ НА СЕЗОНСКА РАБОТА ВО ХРВАТСКА: Зошто оваа земја е примамлива за нив?

СРБИТЕ ОДАТ НА СЕЗОНСКА РАБОТА ВО ХРВАТСКА: Зошто оваа земја е примамлива за нив?

ХРАНАТА ВО СВЕТОТ ПОСКАПУВА: Шеќерот поевтини поради позитивни сигнали од три земји

ХРАНАТА ВО СВЕТОТ ПОСКАПУВА: Шеќерот поевтини поради позитивни сигнали од три земји

ВАЛУТИ: Зошто паѓа вредноста на доларот во однос на јенот?

ВАЛУТИ: Зошто паѓа вредноста на доларот во однос на јенот?

ИЗБЕГАА ОД МОБИЛИЗАЦИЈА: Зошто Русите сега се враќаат дома?

ИЗБЕГАА ОД МОБИЛИЗАЦИЈА: Зошто Русите сега се враќаат дома?

НАЈБОГАТИ ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ: Kaде на листата е Илон Маск?

НАЈБОГАТИ ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ: Kaде на листата е Илон Маск?

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години