14 Декември, 2025
0.0300

СКАПИТЕ АНАЛИЗИ НЕ СЕ ЗА ОБИЧНИОТ ПЕНЗИОНЕР, СИ ЧЕКАМЕ СО МЕСЕЦИ ДА СЕ ПРЕГЛЕДАМЕ НА „ДРЖАВНО“: Нема термини за пнеумослајд, хелико бактер, урино култура

Објавено во: Македонија 04 Август, 2022 07:43

Добивај вести на Viber

Сè што не може да се заврши во јавното здравство, успешно се прави во приватните здравствени установи, велат огромен број наши сограѓани-пациенти кои голем дел од здравствените услуги во последните години ги остваруваат плаќајќи „убави“ суми пари. Во разговор за Фактор, повозрасен скопјанец раскажа за неговата неколку месечна битка со здравјето, посочувајќи дека дури и за некои од наједноставните анализи морал да оди во приватни лаборатории, бидејќи во државните институции нема реагенси.

-Имам сериозни здравствени проблеми, низа хронични заболувања, и од ден на ден се јавува уште по некој проблем. Во последните два месеца почнав да исплукувам и крв. Бидејќи имам само еден бубрег (другиот ми откажа пред скоро две години) имав закажан преглед кај нефролог, на Клиниката за нефрологија. Лекарката ме виде во каква состојба сум, и откако и кажав дека имам и ХОББ и исплукувам крв, ми даде интерклиничли упат за пулмологија, како и упат за рентген снимање. На институтот за рентгенологија го направив снимањето на белите дробови, но за да се прочита резултатот, бидејќи никој не ми даде детално објаснување дали медијасталната сенка е всушност канцер, синот го носеше ЦД-то во приватна ординација. Се разбира за читањето на снимката си плативме уредно. За евентуално да не е некоја респираторна бактерија, сакав да направам пнеумо слајд, но верувајте, за оваа најобична анализа никаде нема реагенси, освен во приватните лаборатории. На клиника нема со месеци, ми вели матичната лекарка, а исто така и во Центарот за јавно здравје. Не можев да си дозволам неколку илјади денари од скромната пензија да издвојам и за ова, така што направивме само брисеви од нос и од грло за да утврдам дали станува збор за некаква бактерија. Сакам да речам дека само луѓето кои имаат пари ќе може да се лекуваат без проблем. Сите останати ќе чекаат со месеци да направат најобични анализи, вели разочарано 74-годишниот С. Николовски од Скопје.

Инаку, анлизата пнеумо слајд лекарите ја препорачуваат кога станува збор за респираторни здравствени потешкотии, бидејќи како што велат, има голем број на бактерии и вируси, кои можат да бидат причинители на благи, но во многу случаи и на сериозни респираторни инфекции.

-Со пнеумо слајдот, анализа која се прави преку крв во микробиолошките лаборатории се откриваат 9 видови бактерии и вируси кои се причинители на најчестите инфекции на дишните патишта. Пнеумослајдот е индициран за сите респираторни инфекции и открива евентуално присуство на: Mycoplasma pneumoniae, Legionella pneumophila, Chlamydia Pneumoniae, Coxiella burnetii, Adenovirus, Respiratoren Sinicijalen Virus, Influenza A, Influenza B, Parainfluenza (serotipovi 1,2,3). Тие не може да се откријат со класични методи. Но, на пациентите на кои им е потребна оваа анализа им издаваме упат само на Интитутот за јаво здравје. Таму тоа се прави без закажување термин. На друго место нема термини, односно немаат реагенси за да се направи анализата која на пациентите им е потребна веднаш, додека траат сите симптоми. Инаку, еве, конкретно на Интитутот за микробиологија нема термини ниту за испитување хелико бактер, ниту за пнеумо слајд, ниту за урино култура. А кога нема термини, значи всушност нема реагенси. Немаат реагенси за пнеумо слајд ниту во Центарот за јавно здравје и ние сме приморани терапија да даваме на „слепо“. Немаат сите пари приватно да ги прават ваквите анализи, велат матичните лекари.

За Фактор од Центарот за јавно здравје-Скопје потврдија дека цели седум месеци немаат реагенси за оваа анализа.

-Не правиме пнеумослајд од почетокот на годинава. Немаме реагенси, ниту пак знаеме кога би имале. Која е конкретната причина не знаеме, велат за Фактор од микробиолошката лабораторија при ЦЈЗ-Скопје.

Инаку, оваа здравствена институција до пред две години редовно спроведуваше тендер за набавка на реагенси и сите потребни материјали за лабораториите, но директорот Бесим Зеќири е недостапен за да даде појаснување зошто сега има застој во сето ова.

Истовремено, директорот на Институтот за јавно здравје, Шабан Мемети потврди дека таму редовно се прави анализата.

-Тоа е нешто што редовно го правиме и пациентите плаќаат само партиципација, одговори Мемети кусо за Фактор.

Инаку, во приватните микробиолошки лаборатории цената конкретно за пнеумо слајд изнесува 2.850 денари. Во приватните молекурани лаборатории се прави поинаква анализа, при која се земаат брисеви од нос и од грло, сосема слично како за тестирање за ковид и оваа анализа наречена Аvri bac scrin, која открива присуство на дури 33 бактерии и вируси чини 5.900 денари.

Анита Буховски


Можеби ќе ве интересира

Филипче повторно повика пратениците да ја потпишат декларацијата на СДСМ за мигрантите

Филипче повторно повика пратениците да ја потпишат декларацијата на СДСМ за мигрантите

МАКЕДОНИЈА ИМА СИЛА ДА БИДЕ НОРМАЛНА ЗЕМЈА: Тошковски вели дека сме станале вистински Европјани

МАКЕДОНИЈА ИМА СИЛА ДА БИДЕ НОРМАЛНА ЗЕМЈА: Тошковски вели дека сме станале вистински Европјани

„ВИСТИНАТА Е ДЕКА МИНАТАТА ВЛАСТ ИЗРАБОТИЛА НАЦИОНАЛНА СТРАТЕГИЈА ЗА ПРИФАЌАЊЕ МИГРАНТИ 2017-2027“: Мицкоски за темата со мигрантите

„ВИСТИНАТА Е ДЕКА МИНАТАТА ВЛАСТ ИЗРАБОТИЛА НАЦИОНАЛНА СТРАТЕГИЈА ЗА ПРИФАЌАЊЕ МИГРАНТИ 2017-2027“: Мицкоски за темата со мигрантите

Стафа примил мито од 50.000 евра за да влијае кај судија

Стафа примил мито од 50.000 евра за да влијае кај судија

СЕ ОГЛАСИ ДИМИТРИЕВСКИ ЗА МИГРАНТСКИТЕ КАМПОВИ: „ЗНАМ нема никогаш да даде поддршка“

СЕ ОГЛАСИ ДИМИТРИЕВСКИ ЗА МИГРАНТСКИТЕ КАМПОВИ: „ЗНАМ нема никогаш да даде поддршка“

Крај на опасната крстосница во Аеродром: Се поставува семафор на улицата Васко Карангелески

Крај на опасната крстосница во Аеродром: Се поставува семафор на улицата Васко Карангелески

ТОШКОВСКИ ПОТВРДИ ДЕКА Е УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Повеќе детали најавува наскоро

ТОШКОВСКИ ПОТВРДИ ДЕКА Е УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Повеќе детали најавува наскоро

ВИДЕО: ДЕЦА КРВНИЧКИ СЕ ТЕПАА ВО САРАЈ: ОЈО побара судска постапка спрема 5 деца

ВИДЕО: ДЕЦА КРВНИЧКИ СЕ ТЕПАА ВО САРАЈ: ОЈО побара судска постапка спрема 5 деца

Макстил: Информациите за пожар не се однесуваат на нашата компанија

Макстил: Информациите за пожар не се однесуваат на нашата компанија