Скандинавските земји се рај: На секое четврто дете во ЕУ му се заканува сиромаштија
Објавено во: Свет 17 Ноември, 2016
Секое четврто дете во Европската унија, односно 25 милиони, се изложени на ризик од сиромаштија или социјална маргинализација, соопшти Евростат.
Според податоците на студијата на Европската агенција за статистика, ситуацијата е најлоша во Романија и Бугарија каде се загрозени 46,8 односно 43,7 отсто деца, додека состојбата во скандинавските земји е најдобра.
Во зоната на ризик се 25 264 милиони деца помлади од 18 години, односно 26,9 проценти детска популација, наведува Евростат.
Овие деца живеат во домаќинства со некои од следните карактеристики-или социјланите давачки не ги исполнуваат нивните потреби, или не постојат доволни материјални стандарди или нивните родители имаат малку платена работа или пак воопшто ја немаат.
Податоците укажуваат на незначајно подобрување во однос на 2010 година, кога 25 957 милиони деца, односно 27,5 отсто од младата популација биле изложени на ризик од сиромаштија.
После Бугарија и Романија, следат Грција, Унгарија, Шпанија, Италија, Литванија, Летонија и Британија, додека во Шведска, Финска и Данска се загрозени околу 14 односно 15 отсто деца.
Ниското ниво на образование на родителите значајно допринесува за зголемување на ризикот од сиромаштија или маргинализација, додава Евростат.