07 Мај, 2024
0.0364

Сите ќе ги платиме лошите проценки на Ангела Меркел!

Објавено во: Балкан 06 Февруари, 2016

Добивај вести на Viber

Цената за лошите проценки на германската калцеларка Ангела Меркел  во однос  на мигрантската криза ќе ја плати цела Европа. Владата во Софија  нема намера да постави  ограда на границата кон Македонијa, вели  бугарскиот политиколог Марија Пиргова.  За  професорката од  државниот универзитет Св. Климент Охридски во Софија,  Македонија во својата добрососедска политика доминатно гледа кон Белград. „ Жалам што јавното мислење во Македонија  многу почесто е наклонето кон Србија отколку кон Бугарија, кога се работи за нормални културни односи меѓу нашите две соседни земји “,  потенцира Пиргова. Според  неа,  Договорот за добрососедство  меѓу Македонија и Бугарија е  добра основа  за развој на односите меѓу двете земји .  „Меѓу Македонците и Бугарите нема предрасуди. Заедничката историја  не смее да се користи во политиката за да се конфронтираат народите од Балканите . Се надевам дека наскоро ќе  стигнеме до „win-win позиција“ вели проф. Марија Пиргова.  Нашиот соговорник,  посочува  дека Бугарија  е европски ориентирана без разлика  што има и добри релации и со Русија.                                 „Бугарија  води сопствена политика и не е никаков "Тројански коњ" ниту на Москва, ниту на Вашингтон. Бугарија се откажа од многу профитабилен проект - гасоводот Јужен поток. Она што  мене ме загрижува е тоа што бугарскиот претседател и премиерот сега водат антируска политика  што оди на штета на бугарските интереси“, потенцира  во интервјуто за Фактор проф. Марија Пиргова која  своите студии ги  завршила на  престижниот Московски државен универзитет "М. В. Ломоносов "  Разговоараше Горазд Чомовски Фактор: Многу бегалци  ја користат Бугарија како отскочна штица кон срцето на Европа, иако правилата на ЕУ велат дека тие  треба да останат таму каде што се.  Зошто  бугарите имаат  предрасудите кон бегалците ?  Пиргова: Бугарите немаат никакви предрасуди кон бегалците. Напротив, народот по селата и малите градови, по границата со Турција најчесто им помагаат на малите деца,  на кои им даваат храна и облека. Според правилата на Европската комисија бегалците од друга држава треба да се регистрираат и да поседуваат лични документи. Бегалскиот бран од есента 2015 година, беше измешан од – луѓе кои бегаат од војната на џихадистите, но има и луѓе кои имаат  намера да најдат подобро место за живот , со повеќе пари  и сигурност. Тргнувајќи од овие тези тие што бегаат од социјални причини, поради економски мотиви, а не се малку, тие имаат и пари да им платат на  посредници и шофери, со чија помош  нелегално преминуваат  на територијата на Бугарија  за да се упатат кон Германија, Швецарија и другите побогати земји. Во такви случаи бугарската полиција ги апси не само бегалците  туку пред се’  емигрантска мафија , зошто  не се знаaт  мотивите за нивното емигрирање , а меѓу нив се појавија и џихадисти кои патуваат кон Париз, Брисел и кои вршат терористички  напади во кои се убиваат европејци. НЕМА ИСЛАМОФОБИЈА  ВО БУГАРИЈА Фактор: Бугарија е на прво место на листата на држави кои бегалците треба да ја избегнуваат. Исламофобијата и расизмот според едно истражување има долга традиција во Бугарија. Дали е тоа главната причина поради која Владата во Софија сериозно ја разгледува опцијата за подигнуавње  на заштитна  ограда  на границата со Македонија? Пиргова: Ситуацијата во Бугарија е тешка, за разлика од Македонија,  во Бугарија немаше конфликти на етничка основа. Бугарските Турци имаат либерална партија во која членуваат и многу Бугари. Таа партија е дел од политичкиот и изборен модел на Бугарија од 1990 година,  имаат и свои  пратеници во Европскиот парламент .      Според мене, во Бугарија нема  појава на исламофобија. Тоа е тешка квалификација  па дури и нашите националисти  собрани околу партијата АТАКА не стигаат да ги развиваат фобиите и расизмот . Многу се сомневам  дека некој има сериозни идеи  за подигање на  ограда по границата со Македонија . Бугарија подига  заштитна ограда  на границата со Турција , зашто таа држава  има интерес и шпекулира со проблемите  на бегалците.  Над  100-тици илјади од нив, свесно се населуваат во источна Турција  и потоа ги испраќаат кон Европа  без лични документи , создавајќи им илузија оти во Европа се добредојдени. Навистина, минатата година  канцеларката на Германија Ангела Меркел рече дека  нејзината земја  е подготвена да ги прими сите мигранти. Но, тоа беа нејзини политички грешки  кои сега ги поправа цела Европа .  Бугарија нема никаква намера да постави ограда кон Македонија . Напротив , за Бугарија  Македонија, Србија  и Црна Гора треба наскоро да станат членки на  ЕУ , за доброто на Балканот .   НЕ ПОСТОЈАТ ПРЕДРАСУДИ ПОМЕЃУ МАКЕДОНЦИТЕ И БУГАРИТЕ Фактор: Како да се надминат предрасудите кои постојат во македонско - бугарските односи. Меѓусоседските историско-политички дилеми се чини имаат негативен ефект врз соработката помеѓу  двете соседни земји  ? Пиргова:  Решението е Македонија да стане членка на ЕУ, ако таа се развива во  нардниот период со идејата  за отворени врати . Меѓу Македонците и Бугарите нема предрасуди.  Јас во Бугарија зборувам дека сум бугарски граѓанин од Македонија , зашто моите предци се од македонската територија која сега е во Грција , како што има и бугарска територија што сега е во Грција и во Македонија . Тоа е наша заедничка историја  што не смее да се користи во политиката за да се конфронтираат народите од Балканите едни кон други  . СКОПЈЕ МУ  НАМИГНУВА НА БЕЛГРАД, А ГИ ЗАПОСТАВУВА ОДНОСИТЕ СО СОФИЈА Фактор:  Бугарската поддршка  за Македонија  на патот кон ЕУ и НАТО е условена со потпишување на Договор за добрососедство и соработка. Можно  ли е решение од ное и двете страни ќе бидат задоволни,  да имаме  win-win ситуација?   Пиргова:  Договрот за добрососедство  и взамена помош меѓу Бугарија и Македонија е многу добра основа за  развој на односите меѓу двете држави . Бугарија , прва ја призна новата македонска држава после дисолуцијата од  Југославија . Со тоа го поддржавме патот на Македонија кон самостојност . Но се чини дека политичарите во Македонија и Србија тоа не го забележаа . Жалам што јавното мислење во Македонија  многу почесто е наклонето кон Србија отколку кон Бугарија , кога се работи за нормални културни односи меѓу Македонија и Бугарија.  Во Македонија се продаваат бугарски весници, но може телевизиите да имаат и  заеднички медиумски пректи и програми. Така можеме да стигнеме до  win-win позиција и се надевам дека тоа наскоро ќе се случи . БУГАРИЈА  УШТЕ ГО ПРИЛАГОДУВА ПРАВНИОТ  СИСТЕМ СО ПРАВИЛАТА НА ЕУ Фактор:  Зошто Бугарија  која е една од најмладите земји членки  на ЕУ  и натаму  важи за еден од најкорумпираните  држави ? Пиргова:  Точно дека најмладите членки на ЕУ се уште не можат да ги надминат проблемите со митото, корупцијата и други незаконски постапки .  Кога ќе влезете во ЕУ ќе видите  колку тешко се надминуваат традиционалните навики . Пазарните законитости во ЕУ , однесување и правото се ногу поразвиени, и ние сега се обидуваме да ги достигнеме.  Не се срамиме да кажеме дека ќе ги достигнеме, зашто имаме критериуми  по кои се движиме и ќе  прдолжиме постапуваме според  нив. Фактор: Зошто главните инвеститори во бугарската економија сметаат дека владеењето на правото продолжува да е проблематично за луѓето и бизнисите во земјата.  Во извештајот на Европската комисија за бугарското правосудство се истакнува проблемот со политизацијата на институциите  и недовербата  во судството? Пиргова: Бугарија  се уште има порблеми во правниот систем  што целосно не одговара на условите и правилата на Европската унија . Нашите закони се европски , но остануваат проблемите на прилагодување . Имаме  забавување на процесите, многу граѓани  се жалат на остварување на своите човечки права во Стразбур  зашто бугарските судови дејстуваат пребавно. Но нашата реформа во судство сепак се движи, започнуваат и  институционални  корекции  што ќе дозволат  побрзи и независни судски процедури . СОФИЈА НЕ  Е „ТРОЈАНСКИ КОЊ“ НИТУ НА  ВАШИНГТОН  НИТУ НА МОСКВА Фактор: Дали Бугарија е „тројанскиот коњ“ во ЕУ.  Балансирањето на офциијална Софија во ЕУ се гледа со сомнеж. Неколку европски престолнини  стравуваат дека  Москва би можела да го искористи  своето влијание во Бугарија за да ја подели ЕУ? Пирова: Бугарија   води сопствена политика и не е никаков "тројански коњ" ниту на Москва, ниту на Вашингтон. Бугарија се откажа од многу профитабилен проект - гасоводот Јужен поток, бидејќи Русија не ги почитува правилата на ЕУ. Знам дека не можете да ми дадете ниту  еден пример за неевропската  политика на Бугарија.  Она што мене ме загрижува е тоа што бугарскиот претседател и премиерот сега водат антируска политика и што оди на штета на бугарските интереси.  За мене чисти измислици  се  тезите  за некаква поделба  на ЕУ на страната на Русија.  Мислм дека ниту Москва  не верувам  во таквите  тези  за проевропска  и проруска  оринетација. БУГАРИЈА  ЛОШО СЕ ПОСТАВИ ВО ОДНОС НА ПРОЕКТОТ „ЈУЖЕН ТЕК“   Фактор : Каква намера има Софија со најавите за изградба на гасоводна клучка и со противречните изјави околу Јужен тек? Дали  бугарската Влада води стратегија на два колосека, во надеж дека истовремено ќе може да добие руски гас, меѓународни кредити и благослов на Европската комисија за да може да ја изгради како гасоводната клучка, така и мини-варијантата на Јужен тек?  Пиргова: Проектот Јужен тек веќе е историја . ЕК не дозволи тој да се гради низ Бугарија ,  според условите што ги постави Русија .  Поради антируската политика  Бугарија пропушти да води подобри преговори околу Јужен тек  .  Сега започнува да се преговара за гасовод  што ќе ги поврзе руските, азербеџанските и иранските траси на територијата на Бугарија  . Преговорите се тешки и неизвесни  зашто зависат од ситуацијата во Турција , Сирија, Ирак  и целиот Блиски исток  . Се уште не може да се каже што ќе прозлезе од оваа идеја  .  Јас мислам дека и за Македонија  ќе беше подобро да има сигурни испораки на гас  по трасата на Јужен тек . Но сега ќе мора да чекаме на Северен тек  кој е многу подалечен од претходната идеја .  

Можеби ќе ве интересира

Франција побара Советот на Европа да ја одложи одлуката за членство на Косово

Франција побара Советот на Европа да ја одложи одлуката за членство на Косово

АГОНИЈА НА СРПСКИ ТУРИСТИ НА ВРАЌАЊЕ ОД ГРЦИЈА Водичот им ги одзел пасошите, намерно оставил девојка на граница, па им се заканувал

АГОНИЈА НА СРПСКИ ТУРИСТИ НА ВРАЌАЊЕ ОД ГРЦИЈА Водичот им ги одзел пасошите, намерно оставил девојка на граница, па им се заканувал

„ПОТВРДА НА НАЈВИСОКИТЕ ОДНОСИ“ - еве ги трите главни причини зошто Си Џинпинг доаѓа во Белград

„ПОТВРДА НА НАЈВИСОКИТЕ ОДНОСИ“ - еве ги трите главни причини зошто Си Џинпинг доаѓа во Белград

ТИТОВИОТ ГИГАНТ ПОВТОРНО ПРОДАВА ИМОТ: Покрај зградата се продава и канцелариски мебел и сето тоа по багателна цена

ТИТОВИОТ ГИГАНТ ПОВТОРНО ПРОДАВА ИМОТ: Покрај зградата се продава и канцелариски мебел и сето тоа по багателна цена

„ДЕНЕСКА ПРЕСТАНУВАМ ДА ПИШУВАМ, БИДЕЈЌИ ЌЕ СЕ ПОСВЕТАМ НА ЛЕКУВАЊЕТО“ - Ведрана Рудан има рак, веста ја објави на својот блог

„ДЕНЕСКА ПРЕСТАНУВАМ ДА ПИШУВАМ, БИДЕЈЌИ ЌЕ СЕ ПОСВЕТАМ НА ЛЕКУВАЊЕТО“ - Ведрана Рудан има рак, веста ја објави на својот блог

„ДЕНЕСКА ТРЕБАШЕ ДА ЈА ДУВАМЕ СВЕЌАТА НА ТВОЈОТ ВТОР РОДЕНДЕН, НАШЕ НАЈМИЛО МАЛЕЧКО“ - таткото на Данка со потресна порака

„ДЕНЕСКА ТРЕБАШЕ ДА ЈА ДУВАМЕ СВЕЌАТА НА ТВОЈОТ ВТОР РОДЕНДЕН, НАШЕ НАЈМИЛО МАЛЕЧКО“ - таткото на Данка со потресна порака

ГИ ВИДЕЛА СНИМКИТЕ НА ЉУБОВНИЦАТА (18), ПА СО ДЕЦАТА СКОКНАЛА ВО РЕКАТА - се огласи таткото на Алма „Таа кажа само една работа“

ГИ ВИДЕЛА СНИМКИТЕ НА ЉУБОВНИЦАТА (18), ПА СО ДЕЦАТА СКОКНАЛА ВО РЕКАТА - се огласи таткото на Алма „Таа кажа само една работа“

„ДА НЕ ЗБОРУВА ДЕКА Е ТОЈ МРТОВ ЧОВЕК, БИДЕЈЌИ СИТЕ ТИЕ СЕ ПРИЛИЧНО ЖИВИ“ - адвокатот на семејствата огорчен од таткото на Коста

„ДА НЕ ЗБОРУВА ДЕКА Е ТОЈ МРТОВ ЧОВЕК, БИДЕЈЌИ СИТЕ ТИЕ СЕ ПРИЛИЧНО ЖИВИ“ - адвокатот на семејствата огорчен од таткото на Коста

ХРВАТСКА: Убиена е жена, уапсен е член на семејството

ХРВАТСКА: Убиена е жена, уапсен е член на семејството