11 Декември, 2023
0.1337

СИТЕ ДВА РЕНТГЕН АПАРАТИ ВО КЛИНИЧКИОТ ЦЕНТАР НЕ РАБОТАТ ДЕСЕТТИНА ДЕНА: Пациентите „трчаат“ да се снимат приватно или во Градска болница

Објавено во: Македонија 17 Август, 2022

Добивај вести на Viber

Повеќе од десеттина дена рентегн апаратот на Институтот за радиологија не работи. Извори од Институтот за Фактор велат дека апаратот се сервисира, а за тоа време пациентите ги препраќаат или во Клиниката за хируршки болести „Свети Наум Охридски“ (поранешна градска болница) или во ГОБ „8 Септември“. Но, многумина од нив снимки прават и во приватните здравствени институции.

„Се расипа, на сервисирање е веќе 10 дена. Огромен број на пациенти има на кои им е потребно рентгенско снимање и сите се тука. Од цел Клинички центар ваквата дијагностика се прави тука, на Институтот за радиологија. Пред извесен период рентег апаратот на работеше во градска болница, па и тие пациенти беа препраќани кај нас. Не се знае колку пациенти изминаа на тој апарат. Нормално е да се расипе. Сега ние мора да ги препраќаме пациентите во другите установи каде што се прави рентегн снимање. Трагично е што во клиничкиов центар не работи ниту апаратот на Хируршките клиники, па мора да одат или во Клиниката за хируршки болести „Свети Наум Охридски“ (поранешна градска болница) или во ГОБ „8 Септември“, велат извори на Фактор од Институтот за Радиологија.

Што се однесува пак до пациентите со кои разговараше Фактор, едни велат дека рентген снимањето го направиле во некоја од приватните здравствени институции, додека други, кои не можат да си дозволат, изгубиле најмалку уште 3-4 часа од денот или отишле следниот ден во поранешната градска болница или во ГОБ „8 Септември“.

-Бев на преглед на една од клиниките по што ми беа наложени низа иследувања. Едно од нив беше и снимање на белите дробови. Од таа клиника се упатив на Институтот за радиологија, каде ми соопштија дека апаратот не работи. Оттаму отидов на Хируршките клиники, но и таму апаратот не работи. Вработената на шалтерот едноставно ми рече; „за жал уште не работи, одете во ГОБ „8 Септември“. Сепак одлучив да си го скратам времето, да добијам резултат веднаш, заради што отидов во една приватна здравствена институција. Јас за среќа можам да си дозволам да го направам тоа, но се прашувам што прават луѓето чиј буџет тоа не им дозволува. Но, уште пострашно е, што прават оние најитни пациенти кои доаѓаат во клиничкиот центар, и на кои им е потребна снимката веднаш. Има милион ситуации кога се носта итни пациенти, сообраќајќи, дете играјќи паднало, скршило рака, нога, милион ситуации...Не може да знае тој што го носи пациентот во болница дека апаратот не работи. Единствено ако некои доаѓаат со возилата на Брза помош, па тие да се информирани дека треба да ги носат на друго место, вели 55-годишниот пациент од Скопје.

Голем дел од лекарите пак, на кои им се потребни низа резултати од разни иследувања меѓу кои и вакви дијагностички методи сметаат дека секоја клиника треба да располага со сето тоа.

-За жал не е така. Пациентите ги препраќаме на институтите за разни дијагностики. Излегуваат од една клиника, влегуваат во друга. Трчаат под дожд, по снег, по сонце на 40 степени...Некои може да одат сами, но некои ги буткаат со колички, во болнички кревети, ги носат на раце...Навистина многу тешка и мачна слика е тоа. Дали некогаш ќе се најде решение, не знам..., вели за Фактор докторка од една од клиниките.

Инаку, Институтот за Радиологија беше во фокусот на вниманието на крајот на јуни откако огромен број пациенти се пожалија дека и по неколку месеци нема кој да им ги прочита резултатите од направените компјутерска томографија или магнетна резонанца.

Анита Буховски

ФОТО: Фактор

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2023 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ со фотографија: Мицкоски седи со уапсен за дрога од 120.000 евра

СДСМ со фотографија: Мицкоски седи со уапсен за дрога од 120.000 евра

Јован Митрески од СДСМ ќе биде претседател на Собранието: Како и досега, ќе работам максимално посветено

Јован Митрески од СДСМ ќе биде претседател на Собранието: Како и досега, ќе работам максимално посветено

„ВО ОВОЈ СЛУЧАЈ СÉ МОРА ДА Е ПРЕЦИЗНО И ТОЧНО, ДА НЕ СЕ ВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ВЕШТАЦИТЕ“: Експертот по судска медицина Алексеј Дума за Фактор

„ВО ОВОЈ СЛУЧАЈ СÉ МОРА ДА Е ПРЕЦИЗНО И ТОЧНО, ДА НЕ СЕ ВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ВЕШТАЦИТЕ“: Експертот по судска медицина Алексеј Дума за Фактор

МАКЕДОНЦИТЕ ВО АЛБАНИЈА ТРПЕЛЕ ПРИТИСОЦИ ДА СЕ ПИШАТ БУГАРИ НА ПОПИСОТ: За тоа го известиле и Народниот правобранител во Тирана

МАКЕДОНЦИТЕ ВО АЛБАНИЈА ТРПЕЛЕ ПРИТИСОЦИ ДА СЕ ПИШАТ БУГАРИ НА ПОПИСОТ: За тоа го известиле и Народниот правобранител во Тирана

ЕВЕ КАДЕ ВО ЗЕМЈАВА ПАЃА СНЕГ: АМСМ со препораки до возачите, се вози во зимски услови

ЕВЕ КАДЕ ВО ЗЕМЈАВА ПАЃА СНЕГ: АМСМ со препораки до возачите, се вози во зимски услови

„СРБИЈА ГО ИМАШЕ „РИБНИКАР“ ЗАРАДИ ШТО МИНИСТЕР ПОДНЕСЕ ОСТАВКА“: Кај нас и тие што се повлекоа бесрамно ни се препорачуваат-Куновска го искажа својот револт

„СРБИЈА ГО ИМАШЕ „РИБНИКАР“ ЗАРАДИ ШТО МИНИСТЕР ПОДНЕСЕ ОСТАВКА“: Кај нас и тие што се повлекоа бесрамно ни се препорачуваат-Куновска го искажа својот револт

БИЛ ИЛИ НЕ БИЛ ХРВАТСКИОТ МЕДИУМ ВО „ПЕСТАЛОЦИ?“: Градоначалникот и директорката демантираат

БИЛ ИЛИ НЕ БИЛ ХРВАТСКИОТ МЕДИУМ ВО „ПЕСТАЛОЦИ?“: Градоначалникот и директорката демантираат

БУГАРИЈА ДА ГИ ГАРАНТИРА ПРАВАТА НА МАКЕДОНСКИТЕ МАЛЦИНСТВА: Еве што им порача Комитетот за елиминација на расна дискриминација на ОН

БУГАРИЈА ДА ГИ ГАРАНТИРА ПРАВАТА НА МАКЕДОНСКИТЕ МАЛЦИНСТВА: Еве што им порача Комитетот за елиминација на расна дискриминација на ОН

ЛУКАРЕВСКА ГО ОБЈАВИ МЕСТОТО КАДЕ ШТО ГО НАОЃА СПОКОЈОТ: Еве што објави таа

ЛУКАРЕВСКА ГО ОБЈАВИ МЕСТОТО КАДЕ ШТО ГО НАОЃА СПОКОЈОТ: Еве што објави таа