14 Декември, 2025
0.3873

„СИСТЕМОТ УБИВА, ИНСТИТУЦИИТЕ МОЛЧАТ“: шести протест на семејствата на починатите во Кочани - „Марш за ангелите“

Објавено во: Македонија 17 Мај, 2025 19:05

Добивај вести на Viber

„Системот убива – институциите молчат“ беше мотото на денешниот, шести протестен „Марш за ангелите“ во Кочани што го организираа семејствата на починатите во катастрофалниот пожар во клубот „Пулс“.

Токму поради молкот на институциите, на овој марш немаше јавно обраќање на никој од родителите на децата кои ги загубија животите во огнената стихија.

Во долга колона, во која поддршка дадоа и членови на движењето „Кој е следен?“ и граѓани од други градови во државата, во 16 часот и 5 минути учесниците тргнаа од Паркот на Револуцијата кон Трговскиот центар, Општина Кочани, Полициската станица и Основниот суд и Обвинителството. Со транспаренти „Нема трагедија, има злосторство“, „Пожарот ги зеде телата, системот ги уби душите“ и „Пратеници, голема (не)благодарност за поддршката“ присутните го искажаа револтот и незадоволството од бавната и задоцнета реакција на надлежните институции.

Во чест на загинатите во „Пулс“, меѓу кои имаше и неколку келнери, се одржа симболична трка на келнерите во која се вклучија неколку локални угостителски објекти.

- Ова не е натпревар, туку гест на почит и хуманост, за да им се поклониме на нашите сограѓани, нашите колеги, нашите херои кои настрадаа или се здобија со повреди во трагедијата. 

Тие работеа со насмевка и пожртвуваност, а кога дојде најтешкото тие беа таму до крај. Секој наш чекор е сеќавање на нив и нивното достоинство. Ја делиме болката со нивните родители, браќа, сестри, партнери и пријатели, затоа што нивната загуба е и наша загуба. 

Не молчиме, туку стоиме заедно со сите родители, а собраните средства се важни, но поважна е пораката што ја испраќаме. Никогаш нема да ги заборавиме и нивните приказни ќе живеат низ нас - истакна Јане Гицев, организатор на трката на келнерите.

„Маршот за ангелите“ заврши на почетната точка во Паркот на Револуцијата, каде присутните со едноминутен молк во чест на починатите, а потоа и со громогласен аплауз им искажаа благодарност на учесниците кои им даваат поддршка на семејствата.

Можеби ќе ве интересира

Стафа примил мито од 50.000 евра за да влијае кај судија

Стафа примил мито од 50.000 евра за да влијае кај судија

СЕ ОГЛАСИ ДИМИТРИЕВСКИ ЗА МИГРАНТСКИТЕ КАМПОВИ: „ЗНАМ нема никогаш да даде поддршка“

СЕ ОГЛАСИ ДИМИТРИЕВСКИ ЗА МИГРАНТСКИТЕ КАМПОВИ: „ЗНАМ нема никогаш да даде поддршка“

Крај на опасната крстосница во Аеродром: Се поставува семафор на улицата Васко Карангелески

Крај на опасната крстосница во Аеродром: Се поставува семафор на улицата Васко Карангелески

ТОШКОВСКИ ПОТВРДИ ДЕКА Е УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Повеќе детали најавува наскоро

ТОШКОВСКИ ПОТВРДИ ДЕКА Е УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Повеќе детали најавува наскоро

ВИДЕО: ДЕЦА КРВНИЧКИ СЕ ТЕПАА ВО САРАЈ: ОЈО побара судска постапка спрема 5 деца

ВИДЕО: ДЕЦА КРВНИЧКИ СЕ ТЕПАА ВО САРАЈ: ОЈО побара судска постапка спрема 5 деца

Макстил: Информациите за пожар не се однесуваат на нашата компанија

Макстил: Информациите за пожар не се однесуваат на нашата компанија

Започна демонтажа на стариот радар на Аеродромот Скопје, авионскиот сообраќај се одвива непречено

Започна демонтажа на стариот радар на Аеродромот Скопје, авионскиот сообраќај се одвива непречено

Контрола во угостителски објекти во Куманово, затекнати малолетници после 24:00 часот

Контрола во угостителски објекти во Куманово, затекнати малолетници после 24:00 часот

Од 9 часот не работи радарот за контрола, полетувањата и слетувањата ќе доцнат по час и половина

Од 9 часот не работи радарот за контрола, полетувањата и слетувањата ќе доцнат по час и половина