14 Декември, 2025
0.0567

СИРЕЊЕ, ГРАВ, ОВОШЈЕ: Граѓаните почнаа да купуваат директно од производителите за да заштедат

Објавено во: Економија 05 Октомври, 2022 07:34

Добивај вести на Viber

На социјалните мрежи има бројни огласи каде земјоделците нудат овошје, зеленчук и млечни производи по прифатливи цени.

Откако цените на намирниците скокнаа во маркетите, граѓаните нарачуваат храна од земјоделците. На продажба се нуди сирење по цена од 300 или 400 денари за килограм, грав за 150 денари, се продаваат пиперки, праз, гројзе, калинки, костени, дуњи, мед и многу други производи. Беровски компир на големо се нуди за 35 денари, а за помали количини по 40 денари за килограм.

„Има нарачки за калинки периодов, ги бараат за правење на сок. Купувачите се од Скопје, Гевгелија, Струмица, Охрид, од секаде практично ги има, им праќаме по карго. Обично купуваат по еден пакет, по 25 килограми. За продажба имам 10 тони калинка“, вели Јане Гогов, производител на калинки од Валандово.

Муштериите купуваат домашно, природно, а воедно можат нешто и да заштедат на тој начин.

„Нашиот грав е 150 денари за килограм, наше производство, а во маркетите за таа цена тешко ќе најдат, и тој грав е увезен. Имаме купувачи од цела Македонија кои земаат по 10 или 15 килограми. Ситуацијата ги натера да купуваат директно од производителите и треба трудот на земјоделецот да се цени“, додава земјоделец од светиниколско.

Цените на сирењето и кашкавалот се доста високи во маркетите, и неодамна граѓаните споделуваа фотографии од кашкавал кој чини најмалку 700 или над 1.000 денари, но производителите ги продаваат по пониски цени.

„Јас сирењето го продавам по 400 денари за килограм. Луѓето се јавуваат, најчесто од Скопје, и земаат по 4, 5, 10 килограми“, вели битолчанка.

Александар Мацевски од селото Робово објаснува дека имаат доста нарачки за буламач, односно побарувачката е поголема од понудата.

„Имаме доволно нарачки од Берово, но периодот на правење на буламач е краток, месец дена пред да прекинеме со молење на овците пред јагнење. Буламач бараат и луѓето од Кочани, Виница, Штип“, вели Мацевски.

Ѓокан Демов од струмичко пред неколку дена објавил дека продава праз, и веќе има нарачки.

„Доаѓаат лично да купат луѓе од Струмица и околината и земаат по 3 или 5 врзопчиња со праз. Цената е 250 денари. Можат да најдат и поевтин, но квалитетот ја одредува цената“, рече Демов.

Но, дел од граѓаните поради лошата економска ситуација негодуваат дека и овие пониски цени се во суштина високи за оние кои заработуваат минималец од 18.000 денари. Во земјава од ноември е најавено дека ќе има нови повисоки цени на лебот и белите печива.

Државниот завод за статистика објави дека пораст на индексите на трошоците на животот во август 2022 година, во споредба со претходниот месец, е забележан кај лебот и житата за 6.4 отсто, свежото и разладеното овошје за 3.8 отсто, млекото за 3.6 отсто, месото за 2.5 отсто, прехранбените производи неспоменати на друго место за 1.8 отсто.

Сања Атанасовска

foto freepik.com/kamranaydinov

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски: Мерките на Владата даваат резултати, зголемени бројки на туристи и ноќевања во првите 10 месеци

Мицкоски: Мерките на Владата даваат резултати, зголемени бројки на туристи и ноќевања во првите 10 месеци

Меѓународниот аеродром Скопје станува апослутен лидер во регионот по раст и по број на нови понудени места

Меѓународниот аеродром Скопје станува апослутен лидер во регионот по раст и по број на нови понудени места

КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември

КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември

МИЦКОСКИ СМИРУВА: Буџетот е ликвиден

МИЦКОСКИ СМИРУВА: Буџетот е ликвиден

Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година

Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година

Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите

Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите

Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети

Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети

Кока-Кола добива нов извршен директор: Енрике Браун ќе ја преземе функцијата во март

Кока-Кола добива нов извршен директор: Енрике Браун ќе ја преземе функцијата во март

Индустријата и потрошувачите можат да здивнат: ЕУ се согласи да ја укине забраната за бензин и дизел автомобили до 2035 година

Индустријата и потрошувачите можат да здивнат: ЕУ се согласи да ја укине забраната за бензин и дизел автомобили до 2035 година