14 Декември, 2025
0.0351

Синовите на Стевчо Јакимовски влегуваат во бизнис со напредна медицина заедно со кардиологот Борче Петровски

Објавено во: Економија 20 Септември, 2023 11:56

Добивај вести на Viber

Синовите на градоначалникот на Општина Карпош и лидер на партијата „ГРОМ“, Стевчо Јакимовски, влегуваат во бизнис заедно со Борче Петровски, поранешен директор на Клинички центар и поранешен директор на Клиника за кардиологија во Скопје

Дамјан и Гоце Јакимовски се основачи на „Фоибос ДОО Скопје“, заедно со специјалистичката ординација по кардиологија „Прима“ во сопственост на познатиот кардиолог Петровски. Фирмата е регистрирана на адресата на ординацијата „Прима“ во зградата во скопски  Млечен Ресторан во Карпош. Меѓу основачите се и докторите Роберт и Александар Шумковски, од кои едниот е познат неврохирург, а другиот абдоминален хирург.

Петровски ни изјави дека во наредниот период со свои удели во проектот ќе влезат нови странски содружници од Австрија, Холандија, Канада и Грција, а фирмата најпрво ќе започне со носење на нови напредни технологии и опрема за разни медицински дејности.

- Едниот од синовите на градоначалникот живее во Канада и таму тој има свои контакти со деловни партнери. Така дојде до соработка. Тие сакаа да се вклучат во проектот, а допрва ќе се вклучуваат нови партнери од странство. Целта е да го подобриме македонското здравство и да донесеме нови знаења. Криво ми е што порано доаѓаа пациенти од странство тука, а сега наши одат во Турција само за да стават еден стент, вели Петровски.

Тоа што фирмата е регистрирана со дејност „управување со недвижен имот“, како што вели тој, е само општа назнака. Петровски додава дека проектот е старт-ап кој најверојатно ќе прерасне во приватна поликлиника.

- Ние ќе работиме со стручњаци од странство, со помош на современи технологии и тоа ќе треба да даде придонес да се поправи општото здравство во земјата. Пристапот ќе биде со една нова стратегија и ќе бидат воведени нови процедури на лекување, додава кардиологот.

За оваа информација се обративме и кај градоначалникот Јакимовски, но од негова страна не ни беше овозможено да стапиме во контакт.

А.К.


Можеби ќе ве интересира

Мицкоски: Мерките на Владата даваат резултати, зголемени бројки на туристи и ноќевања во првите 10 месеци

Мицкоски: Мерките на Владата даваат резултати, зголемени бројки на туристи и ноќевања во првите 10 месеци

Меѓународниот аеродром Скопје станува апослутен лидер во регионот по раст и по број на нови понудени места

Меѓународниот аеродром Скопје станува апослутен лидер во регионот по раст и по број на нови понудени места

КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември

КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември

МИЦКОСКИ СМИРУВА: Буџетот е ликвиден

МИЦКОСКИ СМИРУВА: Буџетот е ликвиден

Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година

Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година

Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите

Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите

Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети

Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети

Кока-Кола добива нов извршен директор: Енрике Браун ќе ја преземе функцијата во март

Кока-Кола добива нов извршен директор: Енрике Браун ќе ја преземе функцијата во март

Индустријата и потрошувачите можат да здивнат: ЕУ се согласи да ја укине забраната за бензин и дизел автомобили до 2035 година

Индустријата и потрошувачите можат да здивнат: ЕУ се согласи да ја укине забраната за бензин и дизел автомобили до 2035 година