СИНДИКАТОТ ДО ГРАДОНАЧАЛНИЧКАТА АРСОВСКА ЗА НАЈАВЕНИТЕ ОТПУШТАЊА - да не дозволиме 100 семејства да останат на улица во оваа криза, ГРАДОТ КАЖА ЗОШТО ОТПУШТААТ ОД ВОДОВОД
Објавено во: Македонија 15 Септември, 2022 14:56
СУТКОЗ при ССМ бара од Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска да ја пресипита одлуката на в.д директорот на ЈП Водовод и канализација Скопје за прекин на договорите на преку 100 вработени во ЈП Водовод и канализација Скопје.
„Ова го бараме со оглед што знаеме дека ова се услови на светска економска и енергетска криза и неизвесност на глобално ниво, и градоначалничката да не дозволи да останат на улица преку 100 фамилии на наши колешки и колеги работници.
Исто така СУТКОЗ при ССМ како репрезентативен синдикат за комунални дејности остро се спротиставува на прераспоредувањето на работниците во ЈП Водовод и канализација Скопје со задолженија и наредби, што е едностран акт на директорот, и е недозволиво знаејќи дека на нивно место исто така се назначуваат други работници со задолженија и наредби.
Овие решенија/задолженија не нудат никаква правна сигурност на работниците и прават сомеж дека директорот прави реваншизам на вработените од само за него познати причини.
СУТКОЗ и ССМ секогаш се залагаат и се борат договорите и решенијата за прераспоредување да бидат законски со двостран акт - договори за вработување помеѓу работниците и работодавачите и затоа бараме итна средба со в.д директорот на ЈП Водовод и канализација Скопје како и со Градоначалничката на Град Скопје за да спречиме дополнителни штети кон работниците во ова светска, економска и енергетска криза и неизвесност!“, се вели во соопштението од СУТКОЗ.
Претходно, од Град Скопје изјавија дека тој договор се ревидира затоа што Перински вработил речиси 100 лица во ЈП Водовод и канализација.
„По најава пред еден месец за вонредна ревизија на вработувањата кои ги склучил екс-директорот на ЈП Водовод и канализација Скопје, Златко Перински покажа дека речиси 100 лица се нововработени за неколку месеци. Градот Скопје нема да толерира расипничко однесување кое претставува дополнителен товар врз буџетот во услови на економска и енергетска криза. Од тие причини се ревидира оправданоста на новите вработувања во ЈП Водовод и канализација - Скопје. Партизацијата и корупцијата е рак на македонското општество, но и на државните институции кои повеќе од 30 години се деградирани од однесувањето на одредени поединци. Нема да дозволиме средствата на граѓаните да се трошат за вдомување на партиски кадри и нема да се дозволи корупција, непотизам и остварување на лични и теснопартиски интереси, нема да дозволиме да се прави нешто што е на штета на скопјани“, изјавија од Град Скопје.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки




