20 Декември, 2025
0.0463

Синдикатите и работодавачите на мегдан - Дали по 5 години ќе се реши ЗРО?

Објавено во: Економија 14 Април, 2022 07:52

Добивај вести на Viber

Поминаа речиси пет години, се сменија тројца министри, а новиот Закон за работни односи и натаму е блокиран, со што се испуштаат шанси пазарот на трудот да се прилагоди на модерните потреби. Компаниите кои беа погодени од последиците на Ковид-19 беа принудени да наоѓаат ад-хок решенија за работната сила, додека пак вработените имаа проблеми да ги остварат своите права на флексибилно работно време и признавање на работен учинок во ситуација на непредвидливост и неизвесност.

По долги преговори во рамки на социјалниот дијалог, левичарски заложби на Владата предводена од СДСМ и силно лобирање како на бизнис заедницата, така и на работничките организации постои голема шанса, законот повторно да се закочи. Притоа оставајќи многу области несоодветно или недоволно регулирани, да влијаат и понатаму како врз развој на пазарот на труд, така и на економската активност.

Каде се кршат копјата?

Синдикатите продолжуваат со „рампата“ на законското решение ако не се исполни нивното барање за ограничување на „договорите на неопределено“ за кои тврдат дека дел од работодавачите ги злоупотребуваат.

Организацијата на работодавачи пак, тврди дека со новите законски решенија ќе дојде до раст на невработеноста. Фирмите нема да може да ги поднесат новите товари кои ќе им бидат наметнати. Освен ограничувањето на времетраењето на договорите на определено, ОРМ се противи и на одредбите кои предвидуваат платата за изминатиот месец да се исплаќа најдоцна до 5 дена, а не до 15 во следниот месец како што е сега дозволено.

„Пратениците да да се охрабрат и да прифатат предлог кој значи намалување на траењето на договорите на определено време на една година или на 6 месеци како што е предлогот на Левица во Собранието и да придонесат за елиминација на злоупотребите кои ги прават работодавачите со ваквите договори за вработување на определено време кои во време на криза беа најмногу користени за губење на работните места“, побараа од ССМ.

Најголемата синдикална организација смета дека неограничувањето на договорите на определено создава простор за злоупотреби на законот и манипулирање на работниците, неоправдани и брзи откази и избегнување одговорност и обврски.

ОРМ се пожали дека не биле повикани на расправите за предлог измените на ЗРО и  дека тие за нив се неприфатливи.

„Ваквите предлози не се пример ни во земјите во регионот ни во Европа и истите максимално ја ограничуваат флексибилноста на пазарот на трудот и истите би придонеле да се зголеми бројот на работниците кои ќе останат без работа“ критикуваат од ОРМ.

Вон фокусот

Сезонската работа, флексибилното работно време, родителското отсуство, работата од дома и работата од далечина, признавањето на работен учиник наместо фонд на часови, бавни процедури за пријавување и одјавување работници, ограничување на договорните клаузули и надомест на штети како актуелни проблеми и на работниците и на работодавачите во периодов како да станаа споредни.

Фокусот на рокот на исплата на надоместокот и платата, како и траењето на договорот за вработените на неопределено го оттргнува фокусот од потребите со кои се соочуваат многу компании во текот на криза со глобална пандемија, честите промени на организацијата на работното место и недостигот на флексибилност во односот вработен-работодавач.

Ова се само дел од предизвиците кои е предвидено да се решат со новиот Закон за работни односи, пред измените да дојдат до пратениците за гласање и можни амандмански измени или пак целосно враќање на постапката во процедура на јавна расправа.

Владата е силно притисната за повеќе прашања од синдикатите, но и стопанските комори и бизнис заедницата нема да молчи, или како што велат тие подобро да се сојузници во носење на законите, отколку противници на нивното спроведување. 

Х.С. 

foto freepik.com

Можеби ќе ве интересира

Истражување: Европските компании во работниот процес се повеќе ангажираат „аутсорсинг“

Истражување: Европските компании во работниот процес се повеќе ангажираат „аутсорсинг“

Заменик-министерот Јанкуловски: Македонија ќе ја заврши 2025 година со јавен долг од 10,2 милијарди евра

Заменик-министерот Јанкуловски: Македонија ќе ја заврши 2025 година со јавен долг од 10,2 милијарди евра

Европа половина од природниот гас го купува од Норвешка

Европа половина од природниот гас го купува од Норвешка

Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?

Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?

Koи европски држави ќе имаат раст до 2027 година?

Koи европски држави ќе имаат раст до 2027 година?

ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?

ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри