СИНДИКАТ НА УПОЗ: Со кратење на платите од вработените ќе се покрива неспособноста на Владата
Објавено во: Економија 13 Октомври, 2022 16:07
Од Синдикатот на УПОЗ велат дека со кратење на платите на вработените ќе се покрива неспособноста на Владата.
„Вицепремиерот Битиќи, денес ни порача дека кратењето на плати не треба да го сфатиме лично. А, како да го сфатиме? Неофицијалните информации говорат дека сите вработени кои ќе се упатат да работата од дома, ќе добијат помала плата од 10 до 30 отсто. Тоа значи дека како награда за работа од дома, која ќе значи повисоки сметки за струја, греење, храна итн. ќе добијат пониски плати, а во некои случаи дури и пониска плата од минималната плата. Со еден потег, Владата ги укина Синдикатите и Колективното договарање, и ги прекрши Уставот, Законите и Конвенциите на МОТ кои Р.Македонија ги има потпишано. Ќе дочекаме за првпат во историјата на нашата држава, еден Министер да добие поголеми ингеренции од Премиерот и во најголемата финансиска криза да одлучува кој смее, а кој не смее да добие плата. Со ваквите постапки, Владата единствено успеа да го навлече бесот на вработените и да ги обедини Синдикатите, а за последиците и бесот кој ќе произлезе од овие мерки, ние нема да бидеме одговорни“, реагираат тие.
Битиќи рече дека владините мерки и препораки за намалување на расходите на буџетските корисници не се насочени кон УПОЗ, ниту се однесуваат кон некого лично. Во нив како што вели се дадени совети што треба да направат институциите од централната и локалната власт, јавните претпријатија и акционерските друштва.
Можеби ќе ве интересира
Компанија од Емиратите најблиску да ја купи Нафтена индустрија на Србија (НИС)
Синдикалната минимална кошница во декември зголемена на 65 492 денари
ЕСМ бара од Владата да прогласи кризна состојба, опозицијата смета дека тоа е поради рекордните загуби
Истражување: Европските компании во работниот процес се повеќе ангажираат „аутсорсинг“
Заменик-министерот Јанкуловски: Македонија ќе ја заврши 2025 година со јавен долг од 10,2 милијарди евра
Европа половина од природниот гас го купува од Норвешка
Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?
ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?




