„Синдикат кој единствено ќе им служи на потребите на работниците“: Ампева најавува посилна борба за нивните права
Објавено во: Македонија 04 Март, 2024 14:26
Претседателката на Здружението „Гласен Текстилец“, Кристина Ампева денеска информираше дека е основан нов синдикат „Гласен Синдикат на работниците” кој, како,што вели, во иднина ќе се бори за сите неправилности сторени врз работниците, за сите неправди и непочитување на работничкиот труд.
Посочува дека Синдикатот почнува од текстилниот сектор, бидејќи Штип е град на текстилот, но ќе се шири и низ останатите градови за, како што вели, да им се даде вистинска заштита на работниците.
- За поголема заштита и вклучување во дијалогот на национално ниво, во вклучување наше во работни групи за измени и носење на закони кои ги засегаат работниците, беше неопходно да се основа овој синдикат, кој нема да биде продолжена рака на политичките партии, на работодавачите и разни центри на моќ. Ова е Синдикат кој единствено ќе им служи на потребите на работниците, ќе им ја понуди сета помош и поддршка за заштита и унапредување на нивните работнички права, но и заеднички ќе водиме борба за достоинствени работни услови и плата достојна за живот, вели Ампева.
Таа посочи дека со основањето на овој Синдикат, сакаат да дадат до знаење на целата јавност, а особено на работниците од целиот приватен сектор, дека заврши времето на жолтите синдикати кои беа „слепи" и „глуви" за проблемите на работниците.
- „Гласен Синдикат на работниците” е новата реалност која на работниците им беше и им е повеќе од потребна. „Гласен Синдикат” секогаш ќе се бори гласно и секогаш ќе биде рамо до рамо со работникот. Затоа ги повикуваме сите работници од приватниот сектор да ни се приклучат и целосно да ни ја дадат довербата, бидејќи ќе направиме промени кои до сега биле само ветувани. Бидејќи низ годините докажавме дека сме чесни и искрени во нашата мисија и како здружение, а сега преку синдикатот, таа борба ќе биде на многу повисоко ниво, со далеку поголема моќ, додава Ампева.
Таа денеска ги повикува сите чесни и искрени синдикалци, работници и работнички од целиот приватен сектор, да се приклучат во заедничката борба за пристојни услови и плати во земјава.
Можеби ќе ве интересира
Стафа примил мито од 50.000 евра за да влијае кај судија
СЕ ОГЛАСИ ДИМИТРИЕВСКИ ЗА МИГРАНТСКИТЕ КАМПОВИ: „ЗНАМ нема никогаш да даде поддршка“
Крај на опасната крстосница во Аеродром: Се поставува семафор на улицата Васко Карангелески
ТОШКОВСКИ ПОТВРДИ ДЕКА Е УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Повеќе детали најавува наскоро
ВИДЕО: ДЕЦА КРВНИЧКИ СЕ ТЕПАА ВО САРАЈ: ОЈО побара судска постапка спрема 5 деца
Макстил: Информациите за пожар не се однесуваат на нашата компанија
Започна демонтажа на стариот радар на Аеродромот Скопје, авионскиот сообраќај се одвива непречено
Контрола во угостителски објекти во Куманово, затекнати малолетници после 24:00 часот
Од 9 часот не работи радарот за контрола, полетувањата и слетувањата ќе доцнат по час и половина




