28 Март, 2024
0.0293

Син ми првпат прооде на пет години, имав парализа, но сега ги движам раката и ногата: Интервју со Јован Тасиќ, доктор по традиционална медицина и сведоштва на неговите пациенти од земјава

Објавено во: Интервјуа 06 Мај, 2022

Добивај вести на Viber

Кога му се обратив на Јован Тасиќ, доктор по традиционална медицина и му понудив интервју, го добив овој одговор: „Не давам интервјуа по меил. Прво дојдете да разговарате со моите пациенти, па потоа решете дали ќе направиме интервју“. Му го побарав телефонскиот број и веднаш му се јавив. „Вашата ординација е во Нови Сад и ќе биде тешко да дојдам“ му појаснив. Следуваше изненадување. „Јас сум во моментов во Скопје, повелете дојдете, овде ќе бидам три дена“. Ми го кажа местото каде што се среќава со пациентите и ми даде можност да изберам кој ден да дојдам и во колку часот.

Прочитав многу негови интервјуа, дознав за неговите успеси. Особено вниманието ми го привлече неговото дело „Отпишаните повторно проодуваат“ промовирано и во Грац, Австрија. Сепак, кога одите на интервју со таква личност, предрасудите што ги наметнува општеството, средината, ви демнат како облак над главата. Влегов во просторијата каде што имаше околу 30 луѓе. Повеќето беа деца, со инвалидитет, ретки болести, парализа. Докторот ме претстави и веднаш им се обрати: „Ве молам не грижете се, нема да ве фотографираат, нема да го откриете вашиот идентитет. Ако некој од вас сака да ги каже резултатите од моето лекување во ред. Ако не, новинарката ќе си замине“.

Сашко Стефановски беше првиот кој сакаше да ја раскаже својата приказна.

- Син ми Климент е роден во седми месец. По раѓањето му дијагностицираа хидро-цефалус. Еден месец подоцна му е вграден пуденс. Кога требаше да прооди, се појави спазам во мускулите и можеше да стапнува со свиткани прсти. После неколку терапии во Македонија, бевме во Словенија. Имаше голем напредок, спазамот го снема и почна да стапнува на прсти. Во Македонија му ја поставија дијагнозата церебрална парализа. Еден ден повраќаше постојано, потоа еден месец беше млитав и немоќен. Испитавме сѐ. Резултатите од магнетна резонанца од глава и ‘рбет, беа во ред. Ги пратив во Германија и во Словенија, и од таму ми рекоа дека сѐе во ред. Во Бугарија ги испитавме генетските мутациии, сѐ беше во ред. Бевме на терапии и вежби и во Павел бања. Потоа му ги оперираа тетивите.

Целата приказна читајте ја на Женски магазин тука.