26 Април, 2024
0.0274

„Сименс“ ќе го гради најголемиот висечки мост во Турција

Објавено во: Економија 02 Октомври, 2012

Добивај вести на Viber

Компанијата Сименс ќе биде главен изведувач на проектот за изградба на четвртиот по должина висечки мост во светот. Оваа компанија ќе биде одговорна за разработката, монтажата и воведувањето во експлоатација на сите компоненти и системи за контрола на сообраќајот. Мостот ќе биде со шест ленти и е дел од проектот за автопат што ќе ги поврзува градовите Истанбул и Измир, во западна Турција, соопштија од Сименс, пренесува БТА. Клиент во проектот е јапонската компанија IHI Инфраструктурни системи Ко. Договорот што ќе го реализира Сименс е во вредност од околу 17 милијарди евра.Планирано е мостот да почне да се користи во 2015 година. Изградбата на мостот и 420-километарскиот автопат меѓу Истанбул и Измир е дел од најголемиот автопатски проект во Турција до денеска. Новиот мост ќе го намали времето за патување меѓу двата града од осум на четири часа. Новиот автопат ќе го релаксира сообраќајот во централниот дел на Истанбул, пренасочувајќи го кон предградијата на градот.

Можеби ќе ве интересира

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката