08 Мај, 2024
0.0243

Силни дождови во Атина, двајца загинаа во поплави

Објавено во: Балкан 15 Ноември, 2017

Добивај вести на Viber

Силните дождови кои ја зафатија Атина доведоа до поплаување на повеќе делови од градот при што две лица го загубија животот. Патиштата во населеното место Неа Перамос, што се наоѓа на 27 километри западно од Атина, се претворени во реки од кал, објавија локалните медиуми.

„Практично, целиот град Неа Перамос е под вода. Не знам дали имам видено нешто слично“, изјави градоначалникот Григорис Стамулис за телевизијата Антена, при тоа додавајќи дека во тек е спасувачка операција.

Некои од жителите во ова населено место биле принудени да се качат на покривите на куќите за да се спасат од водената стихија.

Во блискиот град Мандра, една жена и еден постар маж се пронајдени мртви во своите домови.

Спасувачите успеале да извлечат 12 луѓе од автобус на мост.

Во вторник Грција прогласи вонредна состојба на островот Сими заради голема бура, која нанесе штети на повеќе куќи и предизвика прекин во снабдувањето со електрична енергија.


Можеби ќе ве интересира

САКААТ ДА ИЗНАЈМАТ ЗАТВОР: Австрија ќе испраќа осуденици во Koсово

САКААТ ДА ИЗНАЈМАТ ЗАТВОР: Австрија ќе испраќа осуденици во Koсово

БЕЛГРАД НА ВОДА АГРЕСИВНО СЕ ШИРИ: Но на две локации има голем проблем, еве што е работата

БЕЛГРАД НА ВОДА АГРЕСИВНО СЕ ШИРИ: Но на две локации има голем проблем, еве што е работата

ЕВЕ КОЛКУ МАКЕДОНЦИ РАБОТАТ ВО ГЕРМАНИЈА И КОИ СЕ НОВИТЕ ПРАВИЛА: Што е ново во ветената земја?

ЕВЕ КОЛКУ МАКЕДОНЦИ РАБОТАТ ВО ГЕРМАНИЈА И КОИ СЕ НОВИТЕ ПРАВИЛА: Што е ново во ветената земја?

КАКО ДА КУПИТЕ СТАН ВО ЕДЕН ОД НАЈЛУКСУЗНИТЕ ХОТЕЛИ ВО ЗЛАТИБОР: Со пристап до базен, ресторан, спа центар и теретана

КАКО ДА КУПИТЕ СТАН ВО ЕДЕН ОД НАЈЛУКСУЗНИТЕ ХОТЕЛИ ВО ЗЛАТИБОР: Со пристап до базен, ресторан, спа центар и теретана

ВО ОВОЈ ЈАДРАНСКИ ГРАД, СЕ Е РЕЗЕРВИРАНО УШТЕ ПРЕД 6 МЕСЕЦИ: Се бара кревет повеќе

ВО ОВОЈ ЈАДРАНСКИ ГРАД, СЕ Е РЕЗЕРВИРАНО УШТЕ ПРЕД 6 МЕСЕЦИ: Се бара кревет повеќе

БИЛ ВО ЗАТВОРОТ ВО НИШ: Зошто Курти не сакал да си замине?

БИЛ ВО ЗАТВОРОТ ВО НИШ: Зошто Курти не сакал да си замине?

(ВИДЕО) АЈКУЛИ ВО ПЛИТКОТО: Снимени се во две грчки летувалишта

(ВИДЕО) АЈКУЛИ ВО ПЛИТКОТО: Снимени се во две грчки летувалишта

„ГОЛЕМА ЧЕСТ ЗА НАШАТА ЗЕМЈА“: Брнабиќ ја нарече историска посетата на Кси Џинпинг, еве што кажа за соработката

„ГОЛЕМА ЧЕСТ ЗА НАШАТА ЗЕМЈА“: Брнабиќ ја нарече историска посетата на Кси Џинпинг, еве што кажа за соработката

Франција побара Советот на Европа да ја одложи одлуката за членство на Косово

Франција побара Советот на Европа да ја одложи одлуката за членство на Косово