Силјановска Давкова: Значи господар на прстените е Бугарија
Објавено во: Македонија 31 Јули, 2023 20:32
Оставките од ДУИ се политички маневар, изјави за Канал 5, пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска – Давкова.
„Треба, преку премиерот, оставките да се достават до претседателот на Собранието, оти легитимитетот на министрите од нас извира и претседателот веднаш треба да ги достави до пратениците и на следната седница само се констатира престанокот на мандатот“, вели таа.
Пратеничката додаде и дека првпат слуша за условени оставки. Силјановска – Давкова е со став дека уставните измени не се гаранција дека Бугарија ќе нема нови барања.
„Чуму и се на Бугарија нови барања? Преговорите во рамки на тн. историска комисјиа се непресушен извор на можни барања, и во рамките на шесте кластери и во рамките на поглавјата, бидејќи во протоколите ќе дојде израз договореното или не договореното. Значи господар на прстените е Бугарија“, кажа таа.
Веста дека сите министри и останати функционери на ДУИ во Владата поднесуваат оставки до премиерот Димитар Ковачевски, ја соопшти партискиот претседател Али Ахмети, Но, оставките ќе важат од моментот кога опозицијата ќе гласа за уставните измени.
Можеби ќе ве интересира
АНГЕЛОВ ЗА ДЕНЕШНИОТ ПРОТЕСТ НА ДУИ: Дали се работи за добро осмислено и подготвено сценарио за напад врз власта?
ЕВЕ КАКВО ОРУЖЈЕ ЌЕ УНИШТУВА МВР ДЕНЕС: Запленето е пред 15 години, ќе биде транспортирано на Криволак со воени возила
ЈАНЕВА ГО НАПУШТИ КПУ „ИДРИЗОВО“: Доби условен отпуст
Каде е Лазе Радески? Првиот осуден сериски убиец во Македонија - наводно на жртва му извадил срце и го изел
Рената Дескоска избрана за потпретседателка на Венецијанската комисија
БЕЌАРОВСКИ МУ СЕ ОБРАТИ НА ЃОРЃИЕВСКИ: „Почитуван градоначалниче, еве една јавна депонија која треба да биде чиста како во аптека“
СДСМ: За мигрантите мора да одлучува Собранието, а не општините
Скопјанката која стана една од највлијателните жени во технологијата во Холандија и САД: Интервју со Снежана Зивчевска-Сталперс
ВИКЕНД ПРОГНОЗА: Македонија под влијание на силен Антициклон




