13 Декември, 2025
0.0521

СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА ЗА ИЗВЕШТАЈОТ НА ЕК: Тоа е објективна слика и патоказ за реформските приоритети

Објавено во: Македонија 30 Октомври, 2024 21:05

Добивај вести на Viber

Извештајот на ЕК е објективна слика и патоказ за реформските приоритети на земјава, оценила претседателката Гордана Сиљановска-Давкова. 

На средбата со шефот на Делегацијата на Европската Унија во земјава, Михалис Рокас, кој во претседателската резиденција ѝ го предаде Извештајот, Сиљановска-Давкова, како што соопштија од нејзиниот кабинет, истакнала дека македонските институции ќе посветат внимание на препораките и насоките од Извештајот.  

Таа додала дека во моментов сите капацитети се фокусираат на доследно спроведување на реформите во клучните области, на економско закрепнување и справување со корупцијата.  

Сиљановска-Давкова го поздравила Планот за раст на ЕУ и во тој контекст потенцирала дека од суштинско значење е да се покаже неговата ефективност преку забрзување на реформите, искористување на целосниот потенцијал и максимизирање на придобивките за граѓаните и економијата на земјава.  

Тоа, како што рекла претседателката, ќе влијае на ублажување на разочарувањата од долгиот процес на пристапување во Европската Унија што го минува земјава.  

„На средбата со амбасадорот Рокас, претседателката изрази очекување дека новиот пристап на постепена, фазна интеграција ќе продолжи паралелно со процесот на пристапување, што ќе придонесе за поголема вклученост на земјата во процесите, политиките и програмите на ЕУ и ќе помогне за зголемување на севкупната подготвеност и поефикасно преземање на обврските од идното членство“, се вели во соопштениот од нејзиниот кабинет.  

Сиљановска-Давкова посочила и на важноста од објективна евалуација на спроведувањето на реформската агенда и забрзување на македонските евроинтеграции врз основа на принципот на заслуги и Копенхашките критериуми.  

Истакнувајќи го полнопрвното членство во Европската Унија како наша стратешка цел, за кое не гледаме друга алтернатива, претседателката нагласила дека е важно пристапниот процес да биде фер и во негови рамки да се почитува националната гордост и националниот идентитет на македонските граѓани. 

И премиерот Христијан Мицкоски признава дека граѓаните живеат тешко и дека се потребни реформи. 

Рокас вели дека е важно тоа што нема назадување. 


Фото: Кабинет на претседателот на РСМ

Можеби ќе ве интересира

АНГЕЛОВ ЗА ДЕНЕШНИОТ ПРОТЕСТ НА ДУИ: Дали се работи за добро осмислено и подготвено сценарио за напад врз власта?

АНГЕЛОВ ЗА ДЕНЕШНИОТ ПРОТЕСТ НА ДУИ: Дали се работи за добро осмислено и подготвено сценарио за напад врз власта?

ЕВЕ КАКВО ОРУЖЈЕ ЌЕ УНИШТУВА МВР ДЕНЕС: Запленето е пред 15 години, ќе биде транспортирано на Криволак со воени возила

ЕВЕ КАКВО ОРУЖЈЕ ЌЕ УНИШТУВА МВР ДЕНЕС: Запленето е пред 15 години, ќе биде транспортирано на Криволак со воени возила

ЈАНЕВА ГО НАПУШТИ КПУ „ИДРИЗОВО“: Доби условен отпуст

ЈАНЕВА ГО НАПУШТИ КПУ „ИДРИЗОВО“: Доби условен отпуст

Каде е Лазе Радески? Првиот осуден сериски убиец во Македонија - наводно на жртва му извадил срце и го изел

Каде е Лазе Радески? Првиот осуден сериски убиец во Македонија - наводно на жртва му извадил срце и го изел

Рената Дескоска избрана за потпретседателка на Венецијанската комисија

Рената Дескоска избрана за потпретседателка на Венецијанската комисија

БЕЌАРОВСКИ МУ СЕ ОБРАТИ НА ЃОРЃИЕВСКИ: „Почитуван градоначалниче, еве една јавна депонија која треба да биде чиста како во аптека“

БЕЌАРОВСКИ МУ СЕ ОБРАТИ НА ЃОРЃИЕВСКИ: „Почитуван градоначалниче, еве една јавна депонија која треба да биде чиста како во аптека“

СДСМ: За мигрантите мора да одлучува Собранието, а не општините

СДСМ: За мигрантите мора да одлучува Собранието, а не општините

Скопјанката која стана една од највлијателните жени во технологијата во Холандија и САД: Интервју со Снежана Зивчевска-Сталперс

Скопјанката која стана една од највлијателните жени во технологијата во Холандија и САД: Интервју со Снежана Зивчевска-Сталперс

ВИКЕНД ПРОГНОЗА: Македонија под влијание на силен Антициклон

ВИКЕНД ПРОГНОЗА: Македонија под влијание на силен Антициклон