Силен земјотрес може да го погоди Истанбул?
Објавено во: Балкан 14 Февруари, 2023 17:39
Земјотрес со јачина од 7 степени би можел да го погоди Истанбул.
Претседателот на Комората на геолошки инженери, Хусеин Алан изнесе ваков став.
„Земјотрес со јачина од 7 степени или поголем треба да го погоди Истанбул наскоро, судејќи според податоците што ги имаме. Раседот под Мраморното Море има капацитет да произведе два земјотреси со јачина од 7 степени за една година. Тоа го видовме во земјотресите во 1999 година, како и во други што го погодија регионот во минатото“, вели тој.
Потрес со јачина од 7,6 степени според Рихтеровата скала го зафати западниот дел на турскиот регион на Мраморното Море во август 1999 година и уби околу 7.500 луѓе. Вториот земјотрес го погоди блиското Дузче во ноември истата година при што загинаа 845 луѓе.
Во силниот земјотрес од 7.8 степени кој неодамна ги погоди Турција и Сирија загинаа цели семејства.
foto freepik.com/gar1984
Можеби ќе ве интересира
Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?
(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација




