Шведска нема мир од меѓумафијашките тинејџерски пресметки, малолетник уби тројца млади во берберница
Објавено во: Свет 30 Април, 2025 11:06
Шведската полиција уапси тинејџер,откако денеска застрела тројца млади во берберница вчера во градот Упсала. Наводно, напаѓачот избегал со скутер по нападот во фризерски салон во центарот на градот, што предизвика потера.
Полицијата потврди во среда дека лицето уапсено за пукањето е помладо од 18 години. Сите три жртви биле на возраст меѓу 15 и 20 години, соопшти шведската полиција на прес-конференција, иако началникот на полицијата во регионот, Ерик Акерлунд, рече дека нивниот идентитет не е „100процентно“ потврден.
Полицијата истражува можност смртните случаи да се поврзани со меѓусебна пресметка на бандите кои во изминатите години предизвикаа голема несигурност во скандинавската земја.
Еден од убиените во фризерскиот салон наводно ѝ е познат на полицијата, објавија локалните медиуми. Жртвата била вклучена во полициска истрага за планиран напад врз роднина на водачот на бандата Исмаил Абдо, според извештаите. Лицето никогаш не било обвинето.
Абдо, со прекар „јагодата“, е добро познат водач на банда. Ново, насилно поглавје во војните меѓу бандите во Шведска започна кога мајката на Абдо беше убиена во 2023 година во нејзиниот дом во Упсала, северно од Стокхолм.
Во последните години, Шведска доживеа бран на тинејџерски бандитски криминал, при што осомничените се обвинети за низа прекршоци, од вандализам до убиство.
Можеби ќе ве интересира
Започна средбата на Зеленски со Виткоф и Кушнер, објави Киев
Москва не отстапува од територијалните барања: Кремљ песимист за мировните разговори во Берлин
ПУКАЊЕ ВО СИДНЕЈ: Масакр на плажа, убиени најмалку 12 лица
ЕУ ГО ЗАМРЗНА РУСКИОТ ИМОТ: Фон дер Лајен порача дека ако Русија и натаму војува, трошоците само ќе растат
(ВИДЕО) ПОПЛАВИ ВО САД: Куќи се кренаа од темели, мостови се уништени
(ВИДЕО) Напад во Црното Море: Ракета „Искендер“ погоди турски патнички и товарен брод во Одеса
Стариот континент доминира на листата на најдобри – еден град отиде чекор понатаму
Трамп потврди дека САД ќе почнат напади врз копнените маршрути по кои се транспортира дрога од Венецуела
(ВИДЕО) Зеленски шета низ Купјанск за кој Русија oбјави дека го окупирала




