14 Декември, 2025
0.0367

ШВЕДСКА - ДИВ ЗАПАД, КРВАВА ВОЈНА МЕЃУ БАНДИТЕ: Премиерот бара помош од војската

Објавено во: Свет 29 Септември, 2023 12:42

Добивај вести на Viber

Септември стана најлошиот месец во Шведска за убиства со оружје од почетокот на евиденцијата во 2016 година, откако две лица беа убиени во одвоени престрелки во средата навечер, со што вкупниот број за месецот достигна 11. Уште едно лице загина во вчера изутрина по експлозијата на бомбата.

Земјата беше потресена од смртоносен бран на престрелки и експлозии во последниве недели - многумина осомничени дека се поврзани со раскол во криминалната банда Фокстрот. Во првото пукање во средата, 18-годишно момче беше убиено во раните вечерни часови на прометно спортско игралиште во југозападното предградие на Стокхолм, Мелархојден, каде што тренираа деца и младинци. Околу полноќ уште еден маж е убиен во Јордбро, јужно од Стокхолм.

Една 25-годишна девојка подоцна почина во болница од повреди здобиени кога бомба експлодираше вчера во Сторврета, во близина на Упсала, универзитетски град северно од главниот град. Експлозијата која оштети пет куќи, полицијата ја третира како убиство. Шведските медиуми јавуваат дека жената која загинала најверојатно не била цел.

Три лица се приведени под сомнение за соучесништво во престрелката во Јордбро, а двајца се уапсени за експлозијата во Упсала, која била толку жестока што биле разнесени фасадите на две куќи.

„Невини луѓе умираат, а полицијата прави се што е во нивна моќ. Криминалните конфликти се сериозна закана за безбедноста на нашата земја“, изјави шведскиот национален полициски комесар Андерс Торнберг.

Во синоќешното обраќање, премиерот Улф Кристерсон рече дека е „тешко време за Шведска“ и ја обвини „политичката наивност и неуспешната интеграција“.

„Вакво нешто Шведска нема видено, ниту некоја земја во Европа. Ќе ги бркаме и поразиме бандите, ќе ги најдеме и надвор од Шведска. Нашиот закон не е направен за банди и деца војници, но ќе ги обезбедиме сите потребните ресурси. Сите опции се на маса“, рече тој.

Кристерсон додаде дека денеска ќе се сретне со началникот на националната полиција и началникот на армијата за да види како вооружените сили можат да и помогнат на полицијата во борбата против бандите.

Веќе неколку години, Шведска е во срцето на конфликтот меѓу бандите кои се борат за трговија со оружје и дрога, вклучувајќи огнено оружје и бомби. Магдалена Андерсон, поранешен премиер и лидер на најголемата опозициска Социјалдемократска партија, повика армијата да биде распоредена за да помогне во полициските должности, како што е заштитата на владините згради, за да може полицијата да се фокусира на запирање и истрага на насилните злосторства.

На прес-конференција во Стокхолм, Јохан Ридвик, шеф на регионалната истражна единица на главниот град, рече дека се во тек повеќе прелиминарни истраги. Иако кризата најмногу се однесува на Стокхолм, рече тој, и остатокот од земјата е погоден.

Шведската централно-десничарска влада ги заострува законите за да се справи со криминалот поврзан со банди, кој Торнберг претходно го опиша како „невиден“ бран на насилство во земјата. Во 2022 година во Шведска имало 391 престрелка, од кои 62 биле фатални, додека 45 лица биле убиени од огнено оружје во претходната година.


Можеби ќе ве интересира

Започна средбата на Зеленски со Виткоф и Кушнер, објави Киев

Започна средбата на Зеленски со Виткоф и Кушнер, објави Киев

Москва не отстапува од територијалните барања: Кремљ песимист за мировните разговори во Берлин

Москва не отстапува од територијалните барања: Кремљ песимист за мировните разговори во Берлин

ПУКАЊЕ ВО СИДНЕЈ: Масакр на плажа, убиени најмалку 12 лица

ПУКАЊЕ ВО СИДНЕЈ: Масакр на плажа, убиени најмалку 12 лица

ЕУ ГО ЗАМРЗНА РУСКИОТ ИМОТ: Фон дер Лајен порача дека ако Русија и натаму војува, трошоците само ќе растат

ЕУ ГО ЗАМРЗНА РУСКИОТ ИМОТ: Фон дер Лајен порача дека ако Русија и натаму војува, трошоците само ќе растат

(ВИДЕО) ПОПЛАВИ ВО САД: Куќи се кренаа од темели, мостови се уништени

(ВИДЕО) ПОПЛАВИ ВО САД: Куќи се кренаа од темели, мостови се уништени

(ВИДЕО) Напад во Црното Море: Ракета „Искендер“ погоди турски патнички и товарен брод во Одеса

(ВИДЕО) Напад во Црното Море: Ракета „Искендер“ погоди турски патнички и товарен брод во Одеса

Стариот континент доминира на листата на најдобри – еден град отиде чекор понатаму

Стариот континент доминира на листата на најдобри – еден град отиде чекор понатаму

Трамп потврди дека САД ќе почнат напади врз копнените маршрути по кои се транспортира дрога од Венецуела

Трамп потврди дека САД ќе почнат напади врз копнените маршрути по кои се транспортира дрога од Венецуела

(ВИДЕО) Зеленски шета низ Купјанск за кој Русија oбјави дека го окупирала

(ВИДЕО) Зеленски шета низ Купјанск за кој Русија oбјави дека го окупирала