Што се случува со УЈП? Фирми подолго време не може да исплатат плата
Објавено во: Економија 02 Април, 2025 10:02
Голем број на фирми не можат извесен период да ја исплатат платата за своите вработени, затоа што сметководителите имаат системски проблем со модернизацијата во Управата за јавни приходи.
Во УЈП претходно беше најавено дека се инсталираат кодови за идентификација и тогаш објаснија дека има одредени тимови кои работат како поддршка за претпријатијата кои имаат проблем истото да го завршат навреме.
„Управата за јавни приходи ги потсетува даночните обврзници и вршителите на сметководствена дејност чии кодови за идентификација за потпишување на МПИН пресметките се изготвуваат преку Клиентскиот софтвер, а се издадени пред 5 март 2025 година, независно од нивната важност, да поднесат барање за обнова на истите преку системот е-Даночни услуги“, гласи соопштението на Управата што го објави пред неполни две недели.
Неофицијално, станува збор за нова постапка за побрзо и поефикасно решавање на даночните услуги, но не може да се постигне навремено да бидат реализирани сите барања одеднаш. Од УЈП претходно рекоа дека има посебни контакти за поддршка и објаснување до сите фирми кои имаат проблем со новата инсталација.
А.К.
Можеби ќе ве интересира
Најголемиот германски производител на челик привремено го запира производството во две големи фабрики - 1.200 работни места во опасност
Централната банка на Русија го тужи Еуроклир: бара 194,8 милијарди евра отштета
Македонија најевтина во Европа според цените на храната
НОВИ БИЗНИС ИНВЕСТИЦИИ: Познато е кој ќе ги гради најголемите складишта за електрична енергија?
„Визер“ со нова линија од аеродромот во Скопје - од сега ќе се патува и за Прага
Мицкоски: Мерките на Владата даваат резултати, зголемени бројки на туристи и ноќевања во првите 10 месеци
Меѓународниот аеродром Скопје станува апослутен лидер во регионот по раст и по број на нови понудени места
КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември




