20 Мај, 2024
0.2268

Што продаде „Еленица“ и зема 3,4 милиони евра?

Објавено во: Економија 26 Јули, 2019

Добивај вести на Viber

Струмичката компанија за градежни материјали „Еленица“ лани ја имаше наjдобрата година во последните четири години, покажуваат официјалните финансиски резултати од работењето за 2018 година, достапни на интернет страницата на Македонската берза за хартии од вредност. Струмичката компанија специјализирана за производство на цигли и ќерамиди лани имала приходи од 5,16 милиони евра и остварила добивка од 2,7 милиони евра  (50 отсто од вкупниот приход). Добивката е од продажба на дел од уделот што Еленица го има во светиниколксата компанија МАМ, лиценцирана за производство на масло од канабис.

Оваа струмичка компанија има двајца акционери. Едниот има 99,9 отсто од акциите и тоа е Трајче Заев, долгогодишен бизнисмен. Другиот акционер во „Еленица“ се вика Жан Ангов и поседува 26 акции.

Од каде се парите?

Минатата година е неспоредливо добра во однос на претходните три години за „Еленица“. Лани приходот од 5,16 милиони евра. Од структурата на приходи се гледа дека од „кор бизнисот“ се само 1,73милиони евра и тоа е за околу 400.000 евра помалку во споредба во 2017 година. Лани „Еленица“ од останати приходи остварила 3,37 милиони евра. Тој приход е од продажба на фирмата која е лиценцирана за производство на масло од канабис во медицински цели. Според официјални податоци достапни во ревизорскиот извештај за „Еленица“ во текот на 2018 година Трајче Заев одлучил да продаде 45 отсто од уделите на „Еленица“ во МАМ и задржал 40 отсто сопственост врз управувачките права во таа фирма. „Еленица“ станала сопственик на тие 85 отсто од уделите во декември 2017 година, а малку повеќе од нив продала за неполна година и тоа за 3,3 милиони евра. За жал не успеавме, од достапните податоци во ревизорскиот извештај, да најдеме прецизен податок за вредноста по која „Еленица“ на 27 декември 2017 година купила 85 отсто од уделите во МАМ.

Според јавно објавени податоци од истражуање на „Призма“ интернет страница на „Бирн Македонија“ фирмата МАМ од Свети Николе во пролетта 2017 година била во сопственост на две физички лица. Поголем ко-сопственик бил Зоран Додевски, кој се јавува и како сопственик на „Сител 3“ ТВ каналот, а долги години работел како извршен продуцент на ТВ „Сител“. Другиот сопственик бил словенечки државјанин Тилен Реихард. Соодносот, според објавеното, било следно: Додевски имал влог од 24.000 евра, а Реихард од 6.000 евра.


Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР ИСТРАЖУВА: Кои се кавадаречките милионери за 2023 година?

ФАКТОР ИСТРАЖУВА: Кои се кавадаречките милионери за 2023 година?

НЕКОЈ МНОГУ САКАШЕ АКЦИИ ОД „МАКЕДОНИЈАТУРИСТ“ И ПЛАТИ НАД 700 ИЛЈАДИ ЕВРА - нови поместувања во структурата на хотелиерската компанија

НЕКОЈ МНОГУ САКАШЕ АКЦИИ ОД „МАКЕДОНИЈАТУРИСТ“ И ПЛАТИ НАД 700 ИЛЈАДИ ЕВРА - нови поместувања во структурата на хотелиерската компанија

УШТЕ ЕДНА ГОЛЕМА ИНФОРМАЦИЈА ЗА ЛИДЛ ВО МАКЕДОНИЈА: Планира да вработи 150 работници во нова инвестиција вредна 80 милиони евра

УШТЕ ЕДНА ГОЛЕМА ИНФОРМАЦИЈА ЗА ЛИДЛ ВО МАКЕДОНИЈА: Планира да вработи 150 работници во нова инвестиција вредна 80 милиони евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Прават милиони евра од цевки и камен

ФАКТОР АНАЛИЗА: Прават милиони евра од цевки и камен

АНАЛИЗА: Што ќе се случи со Германија ако си замине од ЕУ?

АНАЛИЗА: Што ќе се случи со Германија ако си замине од ЕУ?

Сопственикот и главниот оперативен тим одушевени од развојот на Костал во Охрид, компанијата почнува сериско производство на технолошки најнапредна електроника за Фолксваген

Сопственикот и главниот оперативен тим одушевени од развојот на Костал во Охрид, компанијата почнува сериско производство на технолошки најнапредна електроника за Фолксваген

Георгиева-Јовевска избрана за една од најуспешните жени менаџерки во земјата

Георгиева-Јовевска избрана за една од најуспешните жени менаџерки во земјата

Советничката Милица Арнаудова - Стојановска: Мерките на Народната банка го поттикнуваат „зеленото“ кредитирање

Советничката Милица Арнаудова - Стојановска: Мерките на Народната банка го поттикнуваат „зеленото“ кредитирање

ВАЛУТИ: Вредноста на доларот ослабе, а еврото зајакна

ВАЛУТИ: Вредноста на доларот ослабе, а еврото зајакна