11 Декември, 2023
0.0256

ШТО ОТКАКО ИЗРАЕЛ ЌЕ ГО УНИШТИ ХАМАС: Израелска министерка има контроверзно „решение“ за Газа

Објавено во: Свет 20 Ноември, 2023

Добивај вести на Viber

Израелската министерка Гила Гамлиел има контроверзно „решение“ за Газа.

Гамлиел за The Jerusalem Post кажа свое мислење за тоа што треба да се направи еден ден кога Хамас ќе биде поразен и уништен.

Гамлиел рече дека Израел навистина се наоѓа „среде една од своите најголеми кризи, секако во последните две генерации“. Таа потсети дека за време на нападот на Хамас загинаа повеќе од 1.200 луѓе, неколку илјади беа повредени, а околу 240 беа киднапирани.

„Жени се силувани. Стари лица беа малтретирани и земени како заложници. Деца беа обезглавени. Семејства биле мачени едни пред други за забава на киднаперите пред да бидат живи запалени додека биле врзани еден за друг. Овие нехумани злосторства променија сè“, изјави таа.

Таа тврди дека дури и на денот кога Хамас ќе биде поразен, во Газа сè уште ќе има околу два милиони луѓе, од кои многу гласале за Хамас и го славеле масакрот над невини мажи, жени и деца.

„Газа е жариште на екстремизмот. Тоа е мала област, во никој случај не е најнаселена во светот, но предолго нејзините владетели и даваа приоритет на војната против Евреите пред подобриот живот на нивниот народ“, рече Гамлиел. 

Вели дека тоа е место без надеж, украдено од геноцидните терористи на Хамас, Исламскиот џихад и другите терористички групи. 

„Оваа ситуација веќе доведе до голем егзодус на млади луѓе од Газа. Откако Хамас насилно го презеде Појасот во 2007 година, се проценува дека меѓу 250.000 и 350.000 главно млади луѓе ја напуштиле Газа за да започнат нов живот во странство“, продолжи таа.

Нејзе ѝ се чини дека меѓународната заедница се залага палестинските власти, кои го контролираат Западниот Брег, да добијат власт и над Газа. Сепак, таа забележува дека палестинската управа нема значително различна идеологија од Хамас, па додава дека министерството за религиозни прашања на палестинската управа доделило проповедници во џамиите низ Јудеја и Самарија да предаваат за убиствата на Евреите и пошироко за истребување на сите Евреи.

Убедена е дека идејата палестинската управа да ја окупира Газа е осудена на пропаст. Таа потоа се осврна на можноста за преселување на бегалците од Газа, на кои ќе им се даде можност да бараат живот на друго место. Предвидува дека таквата опција би можеле да ја поддржат земјите ширум светот, особено оние кои тврдат дека се пријатели на Палестинците.

Предупредува дека Агенцијата на Обединетите нации за помош и работи (УНРВА) не направила ништо за да му помогне на палестинскиот народ во изминатите 75 години, и покрај тоа што има годишен буџет од повеќе од една милијарда долари. Таа наведува дека наместо да инвестира пари во обновата на Газа, УНРВА би можела да помогне во трошоците за преселување и изградба на нов живот за Палестинците во земјите кои ќе ги прифатат.

Гамлиел најави дека таквото решение може да биде добро за сите страни: Победа за оние цивили во Газа кои бараат подобар живот и победа за Израел по катастрофалната трагедија. Израелските заедници во пограничната област Газа и на југ би можеле потоа да се вратат во своите домови и заедници и да живеат во сигурност и безбедност.

Призна дека е среќна затоа што членовите на Кнесетот од целиот политички спектар, вклучително и коалицијата и опозицијата, се приклучија на иницијативата на нејзиното министерство и ѝ дадоа поддршка.

„Ова во никој случај не е совршен план, но е добар. Изводлив е и носи сигурност, просперитет и – се надеваме – мир за сите“, заклучи таа.

Хамас на 7 октомври почна со напади на Израел. 

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2023 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

ЛОШИ ВЕСТИ ОД ГЕРМАНИЈА: Почнаа отпуштањата во хрватските компании, некои отпуштија и до 20 проценти од вработените

ЛОШИ ВЕСТИ ОД ГЕРМАНИЈА: Почнаа отпуштањата во хрватските компании, некои отпуштија и до 20 проценти од вработените

ОВА Е УСЛОВ ЗА МИР? Зеленски го потпиша указот, а Лавров објасни се

ОВА Е УСЛОВ ЗА МИР? Зеленски го потпиша указот, а Лавров објасни се

ДРАМА НА АЕРОДРОМОТ ВО СТОКХОЛМ: Сензори регистрирале мистериозна топлина во авионот, а потоа бил вклучен алармот

ДРАМА НА АЕРОДРОМОТ ВО СТОКХОЛМ: Сензори регистрирале мистериозна топлина во авионот, а потоа бил вклучен алармот

ДОДЕКА РУСИЈА ТЕСТИРА РАКЕТИ, СЕ ПОВЕЌЕ СЕ ЗБОРУВА ЗА НОВА ВОЈНА ВО ЕВРОПА: Дали нуклеарната апокалипа се посигурна од климатската?

ДОДЕКА РУСИЈА ТЕСТИРА РАКЕТИ, СЕ ПОВЕЌЕ СЕ ЗБОРУВА ЗА НОВА ВОЈНА ВО ЕВРОПА: Дали нуклеарната апокалипа се посигурна од климатската?

ОСТРАТА ЗИМА ГИ НАМАЛИ ЗАЛИХИТЕ: Еве колку гас троши Европа

ОСТРАТА ЗИМА ГИ НАМАЛИ ЗАЛИХИТЕ: Еве колку гас троши Европа

„ОВАА КАНАДА ДЕНЕС НЕ Е ЗЕМЈА ВО КОЈА БИ ДОШОЛ“ Горан брутално за кириите, платите,цените и кредитите

„ОВАА КАНАДА ДЕНЕС НЕ Е ЗЕМЈА ВО КОЈА БИ ДОШОЛ“ Горан брутално за кириите, платите,цените и кредитите

„ЌЕ УМРЕМЕ БЕЗ ПОМОШ“: Олега Зеленска моли за помош

„ЌЕ УМРЕМЕ БЕЗ ПОМОШ“: Олега Зеленска моли за помош

„ТОЈ Е МРТОВ ЧОВЕК“: Кој е лидерот на Хамас, Јахја Синвар?

„ТОЈ Е МРТОВ ЧОВЕК“: Кој е лидерот на Хамас, Јахја Синвар?

СРБИНКА ЈАДЕЛА ВО РЕСТОРАН КАДЕ ВЕЧЕРА ЧИНИ КОЛКУ СТАН ВО БЕЛГРАД - ја служел Нусрет лично, а еве како поминала кога го изнел главното јадење

СРБИНКА ЈАДЕЛА ВО РЕСТОРАН КАДЕ ВЕЧЕРА ЧИНИ КОЛКУ СТАН ВО БЕЛГРАД - ја служел Нусрет лично, а еве како поминала кога го изнел главното јадење