19 Декември, 2025
0.0630

ШТО НАЈМНОГУ НАСТРАДА ОД КРИЗАТА - еве кои гранки претрпеа најголем пад

Објавено во: Економија 07 Септември, 2020 13:07

Добивај вести на Viber

Како што и се очекуваше, домашната економија падна силно во  вториот квартал од годинава. Минусот изнесува дури 12,7 отсто, јавува Државниот завод за статистика.

Што ја стопи економската активност во земјава? 

Од податоците на статистичарите може да се види дека најголем пад има кај рударството, преработувачката индустрија, но значаен пад има и кај трговијата.

Сосема е очекувано бидејќи овие дејности не работеа во април, мај и дел од јуни, поради рестриктивните мерки на заштита, кои, пак, беа наметнати поради пандемијата од коронавирусот.

Конкретно, секторот Рударство и вадење на камен; Преработувачка индустрија; Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација; Снабдување со вода; отстранување на отпадни води, управување со отпад и дејности за санација на околината, има заедно паднато за дури една четвртина, или за 25,2 отсто. 

Само преработувачката индустрија ако се гледа, падот изнесува дури 29,4 проценти.

Дејностите пак, трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли; Транспорт и складирање; Објекти за сместување и сервисни дејности со храна, има пад од дури 23,4 проценти. 

Пад има и кај градежништвото, но само 0,5 отсто, а минус од 3,1 отсто има кај финансиските дејности и осигурувањето, како и кај стручни, научни и технички дејности; Административни и помошни услужни дејности. 

Сосема мал минус од 0,2 отсто е регистрирана кај дејностите уметност, забава и рекреација; Други услужни дејности; Дејности на домаќинствата како работодавачи; дејности на домаќинствата кои произведуваат разновидна стока и вршат различни услуги за сопствени потреби.

А што успеало да оствари раст, и покрај кризата? 

Земјоделството има зголемување од 4,5 отсто, информациите и комуникациите за 0,9 отсто, јавната управа и одбраната пораснале за 2,2 отсто, а кај дејностите поврзани со недвижен имот нема ни раст, ниту пад. 

Податоците покажуваат дека извозот во второто тримесечје годинава е намален за 31,3 отсто, додека увозот бележи пад од 29,6 отсто. 

Овој пад на БДП од 12,7 отсто следува откако во првиот квартал домашниот БДП имаше раст на ниво на статистичка грешка, од 0,2 отсто.

Ова значи дека домашната економија во првото полугодие има голем пад. 

Владата најави дека во третиот квартал ќе има благо закрепнување, за во четвртиот земјава да може да се врати на патеките на раст.

Инаку, властите највуваат четврти пакет на економски мерки, со кои ќе им се помогне на фирмите и граѓаните за да излезат од кризата.

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии