07 Мај, 2024
0.0228

Што можат да направат паметните очила на Google

Објавено во: Стил 22 Февруари, 2013

Добивај вести на Viber

Трката за преносни мобилни уреди со полна сила започна меѓу технолошките гиганти. Од американската интернет компанија Google скоросе при крај со развојот на "паметни очила" со функции на мобилен компјутер, во пресрет на информацијата за новиот паметен уред на кој работи Apple, односно "паметниот часовник".Така двата гиганти својата отворена војна ја префрлија во оперативните системи за мобилни уреди, која во моментот се чини дека се повеќе ја добива Google.

Еве и дел од работите кои ќе можат да прават новите "паметни очила" на компанијата, презентирани на фотографии од Google: Тие ќе се изработени од нов вид стакло, кој се одликува со исклучителна леснотија, флексибилност и цврстина.Ќе можат да ги снимаат вашите омилени моменти со гласовна команда. 1.Ќе можат да го снимаат токму она што го гледате во моментот

2.Со нив ќе можете да споделите со пријателитесе  што гледате во реално време3.Ќе ви го покажат патот4.Можете гласовно да им наредите да пратат порака

5.Можете да ги прашувате што и да е и да ви служат како личен туристички водич 6.Можете да ги користите како личен преведувач кога сте во странство 7.така, ќе ви одговараат уште пред да поставите прашање А сепак останува едно очигледно прашање поставено дури од Марк Закърбърг - Како да не изгледате смешни со овие очила на главата?