19 Декември, 2025
0.0639

Што ќе си купи „Европа“ од „Фершпед“ за 1,65 милиони евра?

Објавено во: Економија 03 Ноември, 2022 07:19

Добивај вести на Viber

Од декември до мај (до новото акционерско собрание н.з.) „Европа“ ќе потроши до 1,65 милиони евра за да купува стоки и услуги од својот најголем акционер „Фершпед“. А тоа е нешто помалку од 20% од сите трошоци кои „Европа’ ги прави за девет месеци. Дали ова ќе биде рецепт за сите компании кои имаат акционерски врски во овие тешки и кризни времиња во кои ликвидноста ќе биде повредна од злато?

Скопската кондиторска индустрија „Европа“ ќе плати до 1,65 милиони евра за стоки и услуги кои ќе ги купи од „Фершпед“, а количините и рокот дополнително ќе ги договорат. Ова е предвидено во предлог одлуката за зделка со заинтересирана страна за која ќе гласаат акционерите во „Европа“ на идното собрание закажано на 6 декември годинава.
Парите со кои „Европа“ ќе купува од „Фершпед“ треба да се потрошат до идното акционерско собрание (во принцип тоа значи до крај на април или мај кога вообичаено компаниите ги прават редовните годишни акционерски собранија н.з.)

За да биде целосна сликата за меѓусебните односи на двете компании мора да се истакне дека „Фершпед“ е најголем акционер во „Европа“ и поседува 21,8 отсто од акциите со право на глас. А втор најголем акционер е шпедицијата „Макошпед“ кој поседува 20 отсто од акциите. Зошто е битен „Макошпед“ во оваа анализа? Затоа што „Макошпед“, освен што е втор најголем акционер во „Европа“ е најголем поединечен акционер во „Фершпед“ каде поседува речиси 20 отсто од акциите со право на глас.

Со оглед на тоа дека трите компании имаат капитални односно акционерски врски, а се знае кои лица учествуваат во одлучувањето на две од трите компании не е тешко да се претпостави дека предлогот ќе помине и „Европа“ ќе купи стоки и услуги во претстојниот период од „Фершпед“ до максимален износ од 1,65 милиони евра.

Заради целосна објективност овде ги пренесуваме таксативно сите модалитети на соработка наведени во предлог одлуката и тие се: купување, продавање, аванси, гаранции, земање и давање на краткорочни парични позајмици, шпедитерски услуги и организација на транспорт, организирана исхрана, користење на други услуги.

Во предлогот е наведено дека склучувањето договори ќе биде по пазарни услови за слични видови зделки и дека тие се во рамки на редовното работење на двете компании.

За првите девет месеци годинава приходите од продажба на „Фершпед“ надминуваат 56,4 милиони евра. Доколку се реализира максималниот износ на стоки и услуги кои „Европа“ би ги купила од „Фершпед“ тоа би било нешто помалку од 3 отсто од целиот приход за девет месеци на најголемиот македонски шпедитер.

Што се однесува до билансите на кондиторската индустрија максималниот износ планиран да се потроши на услуги добиени од „Фершпед“ е нешто помалку од 20 отсто од сите оперативни трошоци за првите девет месеци на скопска „Европа“. 

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра