Што ќе им кажат Димитров и Османи на пратениците

Објавено во: Македонија 29 Октомври, 2019
Министерот за надворешни работи Никола Димитров и вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи денеска се пред пратениците на отчет за недобивањето датум за преговори на земјава со Европската унија.
Претседателот на Комисијата за европски прашања на Собранието, Артан Груби, за денеска закажа тематска седница посветена на евроинтегративните процеси во нашата држава, по Самитот на ЕУ во октомври.
Поканети се сите пратеници во Собранието, претставници на дипломатскиот кор во земјата, како и претставници на владиниот и невладиниот сектор, академската заедница, медиумите и други.
Пратеникот и претседател на Комисијата за европски прашања, Артан Груби, за Фактор вчера изјави дека Османи и Димитров треба пред пратениците да дадат свое видување за исходот од октомврискиот Самит во Брисел, на кој за земјава не беше донесена одлука за почеток на пристапни преговори со Европската унија.
„Целта е да видиме, по овој исход во Брисел, на кои стојалишта се вицепремиерот и министерот за надворешни работи. Потребно е тие да дадат свое видување на работите, но треба да се слушне и како пратениците во Собранието гледаат на сето ова“, објаснува Груби за Фактор.
Тој вели дека идејата за оваа тематска седница за евроинтеграциите била негова.
Дали она што се случи во Брисел може да се смета како неуспех за земјава, Груби не се согласува со такво размислување.
„За опозицијата можеби е неуспех недобивањето датум. Но, за нас од власта, тоа не е неуспех на земјава, туку е неуспех на Европската унија. Не можеме да преземеме вина кога ја немаме. Бидејќи, дури и Франција призна дека се исполнети сите реформи, во смисла на донесени закони и исполнување на политички критериуми“, вели Груби.
Можеби ќе ве интересира
СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА: Честитката за независноста на Косово е упатена преку МНР

Жена со автомобил кој го бара Интерпол е фатена на Табановце

(ВИДЕО) ПО ПОВОД 17 ГОДИНИ ОД НЕЗАВИСНОСТА НА КОСОВО: Група скијачи поставиле џиновско знаме на Попова Шапка

ОЈО: Извршен увид во Вишото обвинителство за случајот на злоупотреба на функција

НАД 11.000 ЗАБОЛЕНИ ОД ГРИП ОВА СЕЗОНА – ЗАДОЛЖИТЕЛНО НОСЕЊЕ МАСКИ ВО БОЛНИЦИТЕ: Забрана за посета на хоспитализираните пациенти

ДУИ ОБВИНИ ДЕКА ОВА Е ПРЕСЕДАН: Тврдат дека државниот врв не ја честитал независноста на Косово
ГАШИ ДОБИЛ ЗАКАНИ ПО ЖИВОТ: На мејл му пишале дека ќе влезат во Собрание и ќе убиваат ако ги внесат Бугарите во Уставот

Митко Јанчев повторно пријави дека му се закануваат, едно лице веќе доби осум месеци затвор

КОЦЕВСКИ СЕ ОГЛАСИ И КАЖА ЗОШТО ЈА ПРЕДЛОЖИЛ КРСТЕВСКА ЦАЛЕВА ЗА ШЕФИЦА ЗА ВЈО: „Нарушени се меѓучовечките односи“
