19 Декември, 2025
0.1512

ШТО СЕ СЛУЧИ: Надминат годишниот рекорд на берзата на цел квартал до крајот

Објавено во: Финансии 15 Октомври, 2018 18:02

Добивај вести на Viber

Вкупно 8,7 милијарди денари изнесува прометот на Македонската берза во првите три квартали годинава. Заклучно со 9 октомври, во 2018 година е надминат рекордниот промет од изминатите години и постигнат е нов на безмалку цел еден квартал до крајот на 2018 година, коментираат берзански познавачи.

Според податоците, до 9 октомври прометот на берзата е 220 милиони денари или 8,9 милијарди денари од почетокот на годината до тогаш. Тоа, велат познавачите на пазрот значи дека е надмината рекордната бројка од претходните шест години, или вкупниот остварен промет во 2014 година, кога биле истргувани хартии од вредност вредни 8,7 милијарди денари, ама во текот на целата година. Берзанските експерти велат дека причина за тоа се добрите показатели за фирмите и покрај тоа што економската и политичката ситуација во земјата не се баш сјајни.

- Најголемо влијание имаат очекувањата за забрзување на евроинтеграцијата на Македонија. Како второ, тука се високите профити и приходи на компаниите во првото полугодие, особено во вториот квартал, па според тоа очекувањата за повисоки дивиденди го заживеа тргувањето уште повеќе. Како трето, тука се каматните стапки, чиј поволен тренд на намалување го направи своето и го направи тргувањето поатрактивно, вели Коста Костадиновски, директор на „Илирика“.

Во 2017 година прометот беше 4,7 милијарди денари, а претходнат агодина изнесувал три милијарди денари. Во 2015 година истргувани се хартии о двредност во вкупна вредност од 2,6 милијарди денари, во 2014 година 8,7 милијарди денари, во 2013 година околу три милијарди денари.

- Станува збор за 170 отсто зголемен промет во однос на лани истиот период по изминати девет месеци. Иако станува збор за мали инвеститори, евидентни се процесите на окрупнување. Банкарскиот сектор особено забележа значаен раст, тука се и прифаќањето на дивидените политики од најголемите компании на македонскиот пазар. Македонскиот берзански индекс нуди дивиденди со принос од 4 до 5 отсто, а тоа делува мошне мотивирачки, бидејќи навистина се високи. Забележливо е и зголемување на средствата кај повисокоризичните фондови, анализира Горан Марковски, главен извршен директор на КБ Публикум инвест.

Александар Кузмановски

Можеби ќе ве интересира

АЛАРМАНТНО: Хрватите соопштија колку работници ќе им требаат во следните пет години

АЛАРМАНТНО: Хрватите соопштија колку работници ќе им требаат во следните пет години

АЛТА БАНКА ЈА СТОПИРАШЕ ОДЛУКАТА ЗА КАДИЕВСКА ВОЈНОВИЌ - поранешната вицегувернерка сепак нема да биде дел од УО

АЛТА БАНКА ЈА СТОПИРАШЕ ОДЛУКАТА ЗА КАДИЕВСКА ВОЈНОВИЌ - поранешната вицегувернерка сепак нема да биде дел од УО

СО ИМЕ И ПРЕЗИМЕ ОБЈАВЕНИ ГРАДОНАЧАЛНИЦИТЕ ШТО НЕ ПОДНЕЛЕ ИЗЈАВА ЗА ИМОТНАТА СОСТОЈБА: Меѓу нив се и дел од старо новите скопски градоначалници

СО ИМЕ И ПРЕЗИМЕ ОБЈАВЕНИ ГРАДОНАЧАЛНИЦИТЕ ШТО НЕ ПОДНЕЛЕ ИЗЈАВА ЗА ИМОТНАТА СОСТОЈБА: Меѓу нив се и дел од старо новите скопски градоначалници

Ова се просечните годишни плати во европските земји: Разликите се огромни, еве зошто

Ова се просечните годишни плати во европските земји: Разликите се огромни, еве зошто

Рекорд на сите времиња: Илон Маск е најбогатиот човек во човечката историја

Рекорд на сите времиња: Илон Маск е најбогатиот човек во човечката историја

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Голем скандал во автомобилската индустрија: Возачите плаќале повеќе, производителите на батерии казнети со 72 милиони евра

Голем скандал во автомобилската индустрија: Возачите плаќале повеќе, производителите на батерии казнети со 72 милиони евра

Димитриеска-Кочоска: Буџетот е во одлична кондиција и обврските нема да останат несервисирани

Димитриеска-Кочоска: Буџетот е во одлична кондиција и обврските нема да останат несервисирани

Европските индекси растат, цените на златото повторно се близу до историски максимуми

Европските индекси растат, цените на златото повторно се близу до историски максимуми