26 Април, 2024
0.0313

ШТО ГИ „СМРЗНА“ ВЛАДИНИТЕ ИНВЕРТОРИ - зимата е во ек, а од нив ни трага

Објавено во: Македонија 16 Јануари, 2020

Добивај вести на Viber

Нема ни трага ни глас од владините инвертори. Иако власта неодамна вети дека ваучерите за купувањето на овие уреди ќе стигнат на средината на месецов, тоа не се случи, ниту пак, се знае кога точно тие би можеле да дојдат во рацете на граѓаните. 

А и средината на јануари веќе може да се смета за задоцнет термин, бидејќи власта првично најави дека ќе ги распредели ваучерите до крајот на минатата година. Зимата, пак, е во полн ек и ниските температури бараат сериозно загревање, а од друга страна, загаденоста на воздухот и натаму им создава сериозни проблем на голем дел од граѓаните, особено во најзагадените општини. 

Фактор ги праша надлежните институции до каде е постапката за распределба на ваучерите, зошто доцни, и кога тие конечно ќе бидат достапни за граѓаните. Односно, дали ќе биде покриен макар половина од змскиот период.

Она што се знае е дека јавниот оглас преку кој граѓаните електронски би аплицирале за ваучерите, уште не е објавен. Тоа значи дека постапката не е ни воопшто започната. Не е стартувана ниту кампањата со која граѓаните требаше да бидат информирани како ќе се одвива целата процедура за аплицирање за инверторите.

ЕСМ ГИ ПРЕФРЛИ ПАРИТЕ ВО БУЏЕТОТ, НО ДАЛИ СТИГНАА ДО ОПШТИНИТЕ

Како што е познато, 10-те милиони евра за ваучерите за инверторите ги обезбедија Електрани на Северна Македонија. 

Од компанијата за Фактор велат дека уште во декември лани тие ги префрлиле во државниот буџет 10-те милиони евра предвидени за оваа акција. Средствата, како што објаснуваат, се земени од акумулираната добивка на ЕСМ за 2018 година и се уплатени во буџетот како дивиденда кон нивниот сопственик, односно акционер, а тоа е Владата. 

На средината на декември Владата, на една од своите седници, која се одржа во Куманово, одлучила 10-те милиони евра да им ги префрли на четирите општини кои се сметаат како најзагадени, но не се знае дали тие пари се веќе стигнати кај локалните власти.

„На оваа седница се усвоени измени во Програмата за намалување на аерозагадувањето... Од овие средства, 620.000.000 денари ќе им бидат префрлени на општините во Скопје, Битола, Тетово и Кичево, со што се овозможува втората фаза од проектот за замена на грејните тела на фосилни загадувачки горива, со високоефикасни инврертер клими за 10.000 домаќинства“, објави тогаш Владата во своето соопштение.

Тоа значи дека намерата беше Владата да им ги даде парите на општините, а тие потоа да ја тераат постапката и да ги делат инверторите. Фактор ја праша Владата дали 10-те милиони евра веќе им се префрлени на општините, но од таму вчера не успеавме да добиеме одговор. Ветија дека тоа денеска ќе го проверат, по што ќе бидеме информирани.

Инаку, првичниот план беше финансирањето да оди преку ЕСМ, односно компанијата да им ги подели парите на општините, но владините правни служби укажале дека тоа не би било законски, па затоа ЕСМ ги уплати средствата во државниот буџет. Целата оваа постапка се смета за една од причините што акцијата не стартуваше порано како што се планираше.

НЕ Е ПОЧНАТА КАМПАЊАТА ЗА ИНФОРМИРАЊЕ НА ГРАЃАНИТЕ

ЕСМ, пак, од Владата беа задолжени да обезбедат јавна кампања преку која населението ќе биде информирано за акцијата, односно, јавно да се објави огласот, со сите информации што се потребни за апликација, кои документи се бараат, каде е пријавувањето, роковите и слично. Со оваа кампања требаше и да се информираат граѓаните за придобивките од греењето со инвертори, односно да се поттикнат да се префрлат на поеколошко греење. 

Од ЕСМ велат дека трае постапката на избор на субјект што ќе ја работи кампањата.

„Ние сме во тек на избор на субјект кој ќе ја изработи кампањата, а податоците ќе им бидат дадени од наша страна, од институциите, од Министерството за животна средина и слично“, велат од ЕСМ за Фактор.

Програмата, пак, по која ќе се спроведува акцијата за делење инвертори, заедно со сите документи, урнеци за апликација и слично, ја изготвува Министерството за животна средина. Вчера се обидовме, но и од Животна средина не добивме одговор до каде се со реализација на нивниот дел од обврската.

И конечно, тие програми треба општините да ги усвојат на своите Совети, за да можат врз основа на тоа да ја почнат акцијата. 

Ако се суди според овие достапни информации, тешко е да се очекува дека на крајот на јануари, па дури и до средината на февруари, ваучерите ќе бидат достапни за граѓаните.

ПО 1.000 ЕВРА ЗА ЗАМЕНА НА ПЕЧКАТА НА ДРВО СО ИНВЕРТОР

На прес конференција одржана на 24 декември лани, поранешниот премиер Зоран Заев рече дека граѓаните ќе ги добијат ваучерите во јануари.

„До средината на јануари ќе почне масовна кампања за да ги информираме граѓаните. Постапката од утре почнува за апликација за инверторите. Кампањата ќе биде дополнителна информативна алатка. Ќе побараме од националниот сервис да ни даде бесплатен простор. Постапката е сложена. Тоа се 10 милиони евра што треба да се одвојат. Верувам дека во јануари ваучерите ќе бидат во рацете на корисниците. Добро би било да почнала порано. Но, финансиските параметри не дадоа можност од август или септември да се определат средства“, рече тогаш поранешниот премиер Заев.

Инаку, ваучерите треба да се на износ од 1.000 евра, односно толку пари ќе добие секое семејство кое ќе купи инвертор и со него ќе ја замени печката на огревно дрво. Владината мерка предвидува 10 илјади семејства од Скопје, Тетово, Битола и Кичево да добијат вакви субвенции. 

Предност ќе имаат домаќинства со ниски приходи. 

Во меѓувреме, дел од општините, како Кочани, Кавадарци и Гостивар, кои не ги опфаќа оваа владина мерка, сами ќе субвенционираат купување на инвертори за граѓаните. 

Нина Нинеска-Фиданоска

Можеби ќе ве интересира

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

Анкетата на МКД.мк и Маркет најпрецизна за првиот круг претседателски избори

Анкетата на МКД.мк и Маркет најпрецизна за првиот круг претседателски избори

Таравари по телефонскиот повик од Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ разбира колку „тежиме“

Таравари по телефонскиот повик од Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ разбира колку „тежиме“

ПОПЛАВА ВО ТОКСИКОЛОГИЈА: Пукнала цевка за парно, поплавени биле повеќе делови на клиниката

ПОПЛАВА ВО ТОКСИКОЛОГИЈА: Пукнала цевка за парно, поплавени биле повеќе делови на клиниката

МАСКИРАН СО „ФАНТОМКА“ ВЛЕТАЛ ВО КАЗИНО СО АВТОМАТСКА ПУШКА - украл над 300 илјади денари, еве ги деталите

МАСКИРАН СО „ФАНТОМКА“ ВЛЕТАЛ ВО КАЗИНО СО АВТОМАТСКА ПУШКА - украл над 300 илјади денари, еве ги деталите

„АРТАН, ТЕРАПИЈАТА ТИ ЈА ПРЕПИШУВА Д-Р АРБЕН, ЌЕ ЈА ПРИМИШ НА 8 МАЈ“: Ганиу му се обрати на Груби

„АРТАН, ТЕРАПИЈАТА ТИ ЈА ПРЕПИШУВА Д-Р АРБЕН, ЌЕ ЈА ПРИМИШ НА 8 МАЈ“: Ганиу му се обрати на Груби

СЛАВЧО ПОПОСКИ ВЕЛИ ВИКЕНДОВ МОЖЕ ДА СЕ ПРАВИ СКАРА: Температурите ќе растат, во недела до 27 степени

СЛАВЧО ПОПОСКИ ВЕЛИ ВИКЕНДОВ МОЖЕ ДА СЕ ПРАВИ СКАРА: Температурите ќе растат, во недела до 27 степени

„СОНЦЕТО ИЗГРЕА И Е УБАВ ДЕН ЗА ТУЖЕЊЕ“: Адвокатот Јанаки ќе го тужи Горан Костовски од Левица

„СОНЦЕТО ИЗГРЕА И Е УБАВ ДЕН ЗА ТУЖЕЊЕ“: Адвокатот Јанаки ќе го тужи Горан Костовски од Левица