19 Април, 2024
0.0269

Што газдата на струмички „Грозд“ ќе си продаде сам на себе за пола милион евра?

Објавено во: Економија 21 Април, 2021

Добивај вести на Viber

Наскоро акционерското друштво „Грозд“ на својот доминантен газда Васе Митев (поседува директно и преку фирма над 90 отсто од акциите) ќе му продаде над 2.700 квадрати градежно земјиште и уште 920 квадрати станбен простор и објекти од лесна индустрија за 470.000 евра во скопска „Кисела Вода“. И за тоа ќе се гласа на претстојното акционерско собрание на „Грозд“ во кое Митев контролира речиси 91 отсто од акциите, а 40 домашни физички лица поседуваат 9 отсто... И тука нема лицитација ниту наддавање туку зделка со заинтересирана страна што треба да да одобрат акционерите! Ќе го следат ли овој пример и други газди на акционерски друштва?

Нов корпоративен преседан во македонската двоипол децениска корпоративна историја. Овој пат фирма продава недвижен имот (земјиште и објекти) во Струмица и во Скопје на својот доминантен сопственик. Сопственикот – домашни физичко лице ќе плати нешто повеќе од 550.000 евра на својата фирма.

Станува збор за познатиот струмичкиот бизнисмен Васе Митев во својство на купувач и неговата компанија „Грозд“ прочуена по македонскиот алкохолен пијалок „мастика“ овој пат во својство на продавач. Станува збор за трансакции на недвижности (имот и земјиште) на две локации во Струмица и нејзината околина и на недвижности во скопската општина Кисела Вода.

Во скопската општина која е синоним за градежна експанзија последниве десетина години Митев од својата фирма „Грозд“ ќе купи две станбени единици од по 112 квадратни метри и уште објект од лесна индустрија со квадратура од 696 метри. Тука во Кисела Вода „Грозд“ на Васе Митев ќе му продаде и две градежни изградени земјишта со вкупна квадратура од 2.737 квадратни метри.

Во истата предлог одлука за која ќе гласаат акционерите на „Грозд“ на 26 мај годинава ќе бидат продадени и земјиште и објекти во струмичката катастарска општина кои се опишани во предлог одлуката достапна на следниот линк https://www.seinet.com.mk/Default.aspx?lang=MK&docID=54452 во точката одлука за отуѓување.

Износите се утврдени врз основа на проценки на независни надворешни стручни лица. Сепак друштвото не ги продава имотите на лицитација или на јавно наддавање со прибирање понуди туку во директна спогодба со својот доминантен газда Васе Митев.

Васе Митев поседува 75,14 отсто од акциите со право на глас во „Грозд“, а преку неговата фирма „Адинг – Градба“ од Струмица поседува уште 15,9. Според официјалната евиденција 40 домашни физички лица поседуваат 9 отсто од компанијата и нивните гласови ќе решаваат во оваа ситуација.

Митев преку „Грозд“ е доминантен сопстевник и на „Струмичко поле“ во кое поседува 99 отсто од акциите. Лично е сопственик и на 87,8 отсто од акциите на струмичката земјоделска компанија „Оранжерии Хамзали“.

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

СТРИМИНГ ГИГАНТОТ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: наспроти забраната за делење лозинка - голем раст на профитот и претплатниците

СТРИМИНГ ГИГАНТОТ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: наспроти забраната за делење лозинка - голем раст на профитот и претплатниците

Марко Бислимовски останува вонреден претседавач на Бордот на регулатори на Енергетската Заедница

Марко Бислимовски останува вонреден претседавач на Бордот на регулатори на Енергетската Заедница

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ

„НАЈСРЕЌЕН СУМ КОГА ГО СОБИРАМ СЕМЕЈСТВОТО И ОДИМЕ ДА ПАКУВАМЕ МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ“ - познатиот бизнисмен Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

„НАЈСРЕЌЕН СУМ КОГА ГО СОБИРАМ СЕМЕЈСТВОТО И ОДИМЕ ДА ПАКУВАМЕ МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ“ - познатиот бизнисмен Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

ЗА ПОМАЛКУ ОД 2 МЕСЕЦИ: Кој директор на државна фирма успеа да потроши 35 милиони евра?

ЗА ПОМАЛКУ ОД 2 МЕСЕЦИ: Кој директор на државна фирма успеа да потроши 35 милиони евра?

ЗА ПЛОЧКАР, МОЛЕР, ФАСАДЕР МОЖЕ ДА СЕ СЛУЧИ ДА ЧЕКАТЕ СО МЕСЕЦИ: Дали се ова „златни времиња“ за занаетчиите?

ЗА ПЛОЧКАР, МОЛЕР, ФАСАДЕР МОЖЕ ДА СЕ СЛУЧИ ДА ЧЕКАТЕ СО МЕСЕЦИ: Дали се ова „златни времиња“ за занаетчиите?

„ДЕБАРСКИ БАЊИ-ЦАПА“ НАЈАВУВА ИНВЕСТИЦИИ ЗА ГОДИНАВА ОД 163 ИЛЈАДИ ЕВРА - и дивиденда за акционерите, сепак, ќе има

„ДЕБАРСКИ БАЊИ-ЦАПА“ НАЈАВУВА ИНВЕСТИЦИИ ЗА ГОДИНАВА ОД 163 ИЛЈАДИ ЕВРА - и дивиденда за акционерите, сепак, ќе има

Финансиските инспектори лани биле страв и трепет за функционерите

Финансиските инспектори лани биле страв и трепет за функционерите