13 Мај, 2024
0.0289

Што е следно во македонското Собрание?

Објавено во: Македонија 20 Октомври, 2018

Добивај вести на Viber

Синоќешното гласање е само првиот чекор во процедурата за промена на Уставот.Дефинитивно исполнувањето на условите од преспанскиот Договор ќе трае неколку месеци, во кои ќе има уште гласања за кои ќе треба двотретинско мнозинство. 

Утврдување на нацрт-амандманите е следната фаза од долгиот процес на менување на Уставот, која следува по синоќешната одлука на 80те пратеници кои дадоа зелено светло за пристапување кон негова промена. 15 дена е рокот за нивното доставување во Собранието, но според вчерашните најави на премеирот Заев дека нема да штедат на денови, се очекуа тоа да се случи многу порано од крајниот рок.

По доставувањето во Законодавниот дом секој од четирите амандмани преку кои ќе се интервенира во македонскиот Устав, ќе треба да поминат низ претрес во две собраниски комисии.  Според деловничките рокови од моментот на доставување на нацрт-амандманите во Собранието до одржување на пленарната седница за нивно усвојување мора да поминат најмалку 30 дена. Во оваа фаза, претресот за секој нацрт-амандман поединечно може да трае најмногу по три дена како во комисиите, така и на пленарната. Пратениците имаат право на збор повеќепати, но не повеќе од 20 минути, па теоретски оваа фаза би можела да заврши побрзо од максимално дозволените рокови. По утврдувањето за нацрт-амандманите, за што се потребни 61 пратенички глас, тие одат на јавна дискусија, што претставува една меѓуфаза пред третата завршна етапа од постапката за измена на Уставот. Одлука за усвојување на амандманите, за која зелено светло повторно ќе треба да дадат најмалку 80 пратеници, а за амандманот на преамбулата потребно и Бадентерово мнозинство,  следува по исцрпувањето на јавната дискусија, чие времетраење го утврдува Собранието при усвојување на нацрт-амандманите. 30 дена повторно треба да поминат од моментот на доставување на предлог-измените до одржувањето на пленарната седница, по што ќе следува и завршната фаза - постапка за донесување на уставен закон за спроведување на Уставот.  Конечната одлука за промена на највисокиот правен акт – Уставот на Република Македонија, се носи со двотретинско мнозинство гласови од вкупниот број пратеници.

Ако постапката се одвива според најкусите можни рокови, за финализирање на трите фази, најоптимистичката варијанта е дека уставните измени ќе бидат усвоени кон средината на јануари.


Можеби ќе ве интересира

ДИК ОДЛУЧИ: Во Желино ќе има прегласување

ДИК ОДЛУЧИ: Во Желино ќе има прегласување

АРСОВСКА ДО ЏАФЕРИ: Не знам како функционира во Форино, ама во Скопје нема друг да ви го одржува дворот!

АРСОВСКА ДО ЏАФЕРИ: Не знам како функционира во Форино, ама во Скопје нема друг да ви го одржува дворот!

ЗАЕВ ЗА ДОГОВОРОТ ОД ПРЕСПА: Непочитувањето носи одговорност, но и сериозни последици

ЗАЕВ ЗА ДОГОВОРОТ ОД ПРЕСПА: Непочитувањето носи одговорност, но и сериозни последици

ВО ОПШТИНА ВЕЛЕС: Советникoт од СДСМ, Кирил Гајдов си поднесе оставка

ВО ОПШТИНА ВЕЛЕС: Советникoт од СДСМ, Кирил Гајдов си поднесе оставка

ВЕСЕЛА ЧЕРНЕВА: Teшко дека Северна Македонија ќе почне преговори со ЕУ

ВЕСЕЛА ЧЕРНЕВА: Teшко дека Северна Македонија ќе почне преговори со ЕУ

ВРСНИЧКО НАСИЛСТВО: Малолетнички нападнале соученичка и ја снимале

ВРСНИЧКО НАСИЛСТВО: Малолетнички нападнале соученичка и ја снимале

ГРЦИТЕ СЕ ЛУТИ: Дали ветото е на маса?

ГРЦИТЕ СЕ ЛУТИ: Дали ветото е на маса?

ТРАГЕДИЈА: Почина 14-годишно дете од Битола додека си играло на ливада

ТРАГЕДИЈА: Почина 14-годишно дете од Битола додека си играло на ливада

СЕ ОГЛАСИ И АМЕРИКАНСКАТА АМБАСАДА: „Ќе продолжиме да ја зајакнуваме важноста на почитувањето на меѓународните договори“

СЕ ОГЛАСИ И АМЕРИКАНСКАТА АМБАСАДА: „Ќе продолжиме да ја зајакнуваме важноста на почитувањето на меѓународните договори“