19 Јануари, 2025
0.0314

Што доби „Силекс“ за да се откаже од експлоатација на злато во Македонија?

Објавено во: Економија 25 Јуни, 2024

Добивај вести на Viber

АД „Силекс“ му го преотстапи уделот од 38 отсто на партнерот „Генезис“ од Мелбурн во потрагата по злато, сребро и бакар во Пробиштип и Кратово.

Рударско индустрискиот комбинат од Кратово повеќе не е еден од сопствениците на „Силген Ресурсис Интернешнл“, која подолго време бара од властите да ги експлоатира овие минерални суровини на локалитетот “Плавица и Црн врв“ во општина Кратово и општина Пробиштип.

Засега не е јасно кој е интересот за ваквиот потег на АД „Силекс“, а единствено во централниот регистар е завeдено дека станува збор за „отстапување согласно договор за пренос на удел“.на ко-основачот.

Пред пет години кога „Силген“ го поднесе барањето за експлоатација до Министерството за животна средина, истата година локалната самоуправа на Пробиштип како рударски град се спротистави за отварање на нов рудник за злато и сребро.Општината издаде негативно мислење за отварање на нов рудник на северниот дел од градот. На Плавица, или како што месното население не случајно ја нарекува Златица, подолго време се вршеше истражувања, а потоа „Силген“ побара да се отвори рудник со површински коп. Дупчењето заради истражување, започна во 2013, а компанијата верува дека локалитетот „лежи на злато“.

„Силген“ побара концесијата да се простира на површина од  околу 17 квадратни километри, а наведоа  дека ќе користат средства кои ќе имаат минимален ефект врз животната средина.

„Целта на проектот е искористување на утврдените рудни резерви и поттикнување на локалната, регионалната и националната економија. Рудните резерви предвидено е да бидат експлоатирани со конвенционален метод на експлоатација во површински коп. Во фазата на подготовка на минералната суровина ќе бидат вклучени активности на дробење и мелење на рудата. Фазата на добивање на готов производ претставува екстрактивна металургија што би вклучила хидрометалуршки и електролитски постапки“, гласеше известувањето на Министерството за животна средина и просторно планирање во 2019.

Инаку новата влада самата во својата усвоена четиригодишна програма објави дека во својот мандат ќе се заложи да се отворат четири нови рудници во Македонија, од кои едниот од нив да биде Плавица (Црн Врв), а другите Стогово, Тајмиште и Лојане.

Холдингот „Силекс“ имаше солидна деловна година. Со вкупни приходи од 18,85 милиони евра и добивка од 1 милион евра, 2023 година за „Империјата на Ѕинго“ лани имаше речиси 4 пати поуспешна деловна година од 2022, покажуваат официјалните финансиски резултати на консолидираниот биланс на успех достапен на веб страницата на Македонската берза за хартии од вредност.

Фирмата=ќерка Силекс Неметали СТ, најголемата кратовска компанија која од нејзиното формирање од 2006 беше фаворизирана од државните елити, пред точно една година продадена на турски инвеститор. А.К.

Можеби ќе ве интересира

КИНА ВЕЌЕ НЕ Е ГЕРМАНСКИОТ НАЈГОЛЕМ ТРГОВСКИ ПАРТНЕР - оваа земја ја замени минатата година

КИНА ВЕЌЕ НЕ Е ГЕРМАНСКИОТ НАЈГОЛЕМ ТРГОВСКИ ПАРТНЕР - оваа земја ја замени минатата година

ЕСМ ОСТАНУВА ПОД ВЛАДАТА, МЕПСО ОДИ КАЈ МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЕНЕРГЕТИКА - министерката Божиновска открива детали

ЕСМ ОСТАНУВА ПОД ВЛАДАТА, МЕПСО ОДИ КАЈ МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЕНЕРГЕТИКА - министерката Божиновска открива детали

НА ХРВАТСКИТЕ ГРАЃАНИ ИМ „ЗБОКТИСА“ ОД ВИСОКИТЕ ЦЕНИ: „Ајде на 24 јануари да не купуваме ништо, ама буквално ништо“

НА ХРВАТСКИТЕ ГРАЃАНИ ИМ „ЗБОКТИСА“ ОД ВИСОКИТЕ ЦЕНИ: „Ајде на 24 јануари да не купуваме ништо, ама буквално ништо“

ГОЛЕМА ПРОМЕНА ВО ПОПУЛАРНИОТ ДИСКОНТ: Алди суд ги исфрла овие производи од својот асортиман

ГОЛЕМА ПРОМЕНА ВО ПОПУЛАРНИОТ ДИСКОНТ: Алди суд ги исфрла овие производи од својот асортиман

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ЗА ЦЕЛА ГЕРМАНИЈА: На потрошувачите јасно им се кажува „Не го користете овој производ“

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ЗА ЦЕЛА ГЕРМАНИЈА: На потрошувачите јасно им се кажува „Не го користете овој производ“

ЛЕКАРИТЕ ОБЈАВИЈА: Познато е од што почина директорот на градежниот концерн

ЛЕКАРИТЕ ОБЈАВИЈА: Познато е од што почина директорот на градежниот концерн

ПРИВЛЕКУВА СЀ ПОВЕЌЕ АМЕРИКАНЦИ - еве зошто апликацијата RedNote стана нов голем хит

ПРИВЛЕКУВА СЀ ПОВЕЌЕ АМЕРИКАНЦИ - еве зошто апликацијата RedNote стана нов голем хит

ПОЧИНА ДИРЕКТОРОТ НА ЕДНА ОД НАЈГОЛЕМИТЕ ГРАДЕЖНИ КОМПАНИИ: Австриската компанија во шок

ПОЧИНА ДИРЕКТОРОТ НА ЕДНА ОД НАЈГОЛЕМИТЕ ГРАДЕЖНИ КОМПАНИИ: Австриската компанија во шок

ДАЛИ „МИМ“ ЌЕ ГО БРАНУВА КРИПТО ПАЗАРОТ? Трамп ја објави неговата криптовалута

ДАЛИ „МИМ“ ЌЕ ГО БРАНУВА КРИПТО ПАЗАРОТ? Трамп ја објави неговата криптовалута