14 Декември, 2025
0.0449

ШТИПСКА КОМПАНИЈА ЗА ПРОИЗВОДСТВО НА ЛЕБ ЗА ВРАБОТЕНИТЕ ПОТРОШИЛА 572 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА ШЕСТ МЕСЕЦИ - дали се за плати, или за некоја друга причина

Објавено во: Економија 17 Август, 2022 12:03

Добивај вести на Viber

Компанијата „Макпромет“ од Штип во првите шест месеци од годинава ги зголемила трошоците за своите вработени за 21 пат.

Ова може да се види од Билансот на успех на компанијата објавен преку Македонската берза.

Станува збор за енормно зголемување на трошоците за вработените, што не е вообичаено во финансиските извештаи на другите компании, односно тие иако главно регистрираат покачување, тоа вооибичаено е од 10 до 20 проценти.

Во случајот со „Макпромет“ од Штип, пак, индексот на зголемување на трошоците за вработените изнесува дури 2.129. 

Или, изразено низ бројки, трошоците за вработените во првото полугодие лани изнесувале 1,65 милиони денари, или изразено во евра тоа е нешто помалку од 27.000 евра, додека, пак, во првите шест месеци од оваа година компанијата „Макпромет“ од Штип имала трошоци од вработените на сума од 35,2 милиони денари, што е рамно на дури 571.626 евра.

Тоа значи дека оваа штипска компанија за период од шест месеци, на своите вработени им исплатила плати или пак за нив имала други трошоци во вид на надоместоци, во вкупен износ од близу 600 илјади евра. Тоа е огромна сума ако се има предвид дека според еден извештај од 2020 година кои можат да се најдат на интернет, на крајот на таа година компанијата имала 48 вработени. И, ако се има предвид дека во истиот период лани тој трошок изнесувал 27 илјади евра.

Не е јасно на кој начин се зголемиле трошоците за вработените кај оваа компанија. Анонимни извори кои за Фактор ја посочија оваа неверојатно голема разлика, се прашуваат дали станува збор за огромен број нови вработувања, или, пак, наводно, се поставува прашање - дали станува збор за бонуси на менаџерскиот тим. 

Во образложението за финансискиот резултат за првите шест месеци од годинава доставено во Берзата, компанијата нема прецизно објаснување зошто толку се зголемени трошоците за плати, туку само е наведен износот на таа ставка. 

„Вкупните оперативни расходи изнесуваат 143.569 илјади денари и се состојат од: трошоци за суровини и материјали и електрична енергија во износ од 79.077илјади денари, набавна вредност на продадени готови производи во износ од 7.102 илјади денари, услуги кои имаат карактер на материјални трошоци во износ од 14.538 илјади денари, трошоци за плати и други надоместоци на вработените во износ од 35.155 илјади денари и останати оперативни трошоци во износ од 7.697 илади денари“, се вели во делот од образложението на финансискиот резултат посветен на расходите на компанијата.

Инаку, за компанијата „Макпромет“ АД Штип на Берзата можат да се најдат податоци дека е основана во 1973 година. 

„Својата дејност ја врши преку четири друштва со ограничена одговорност кои се занимаваат со производство на кондиторски производи, производство на леб и бели пецива, графичка индустрија и трговија. Пренесувајќи го искуството низ повеќе генерации, Макпромет АД Штип денес е индустриска компанија која настапува на домашниот и странскиот пазар со широк асортиман на производи“, се вели во основните податоци за дејноста на компанијата.

Во еден од извештаите на компанијата може да се прочита дека таа има 100 отсто учество во „Жито леб“ од Штип, како и во неколку други компании, и дека основната дејност и е производство и трговија со прехранбени произвбоди.

Н.Н.Ф. 

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски: Мерките на Владата даваат резултати, зголемени бројки на туристи и ноќевања во првите 10 месеци

Мицкоски: Мерките на Владата даваат резултати, зголемени бројки на туристи и ноќевања во првите 10 месеци

Меѓународниот аеродром Скопје станува апослутен лидер во регионот по раст и по број на нови понудени места

Меѓународниот аеродром Скопје станува апослутен лидер во регионот по раст и по број на нови понудени места

КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември

КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември

МИЦКОСКИ СМИРУВА: Буџетот е ликвиден

МИЦКОСКИ СМИРУВА: Буџетот е ликвиден

Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година

Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година

Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите

Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите

Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети

Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети

Кока-Кола добива нов извршен директор: Енрике Браун ќе ја преземе функцијата во март

Кока-Кола добива нов извршен директор: Енрике Браун ќе ја преземе функцијата во март

Индустријата и потрошувачите можат да здивнат: ЕУ се согласи да ја укине забраната за бензин и дизел автомобили до 2035 година

Индустријата и потрошувачите можат да здивнат: ЕУ се согласи да ја укине забраната за бензин и дизел автомобили до 2035 година