27 Април, 2024
0.0286

ШТЕДАЧИТЕ БАРААТ ДА ПРЕСЕЧЕ УСТАВНИОТ СУД: Зошто Фондот за депозити да има предност пред другите доверители

Објавено во: Финансии 06 Ноември, 2020

Добивај вести на Viber

Оштетените штедачи од Еуростандард банка кои имаат штедни влогови повисоки од 30.000 евра, односно 708 штедачи, бараат од Уставниот суд да ја разгледа нивната иницијатива за оценување на уставноста и законитоста на ставот 3 од членот 163 од Законот за банки, со кој од стечајната маса на една пропадната банка прво се обештетува Фонодот за осигурување депозити, а дури потоа штедачите со поголеми влогови, кои притоа го имаат третманот на останатите доверители. 

„Нашето барање е кога ќе се исплатуваат доверителите од пропаднатата банка, да нема предимство Фондот за осигурување на депозити пред штедачите. Ова од причина што Фондот си наплатува премии од банките, за да има потоа средства да покрие ризичен настан кога таков ќе настане. Па зошто тогаш Фондот би имал предност пред останатите штедачи во подмирувањето на побарувањата“, вели за Фактор еден од штедачите кои имаат влог над 30 илјади евра.

А еве што е наведено во ставот три од членот 163 од Законорт за банки. 

„Побарувањата на Фондот за осигурување на депозити по основ на исплати на осигурени депозити се исплаќаат пред побарувањата на останатите доверители“, се наведфува во овој член.

Според штедачите, ова одредба е дискриминаторска и неуставна, бидејќи го доведува Фондот во монополска позиција пред останатите доверители, со тоа што му дава предност пред тие да бидат исплатени. 

Исто така, според нив, овој закон не е усогласен со Законот за стечај и Законот за фондот за осигурување на депозити. 

Токму поради оваа иницијатива, штедачите бараат да се одложи за утре закажаното прво рочиште, кое еднаш и претходно беше одложено, односно презакажано. 

„За утре во 10 часот е закажано првото рочиште кое беше претходно презакажано и кое повторно ќе се бара да се одложи, за да се даде време на Уставниот суд да се произнесе позитивно на нашето барање, и на тој начин да се обештетат оштетените штедачи кои не по своја вина се најдоа сред овој организиран криминал. Ова е шанса да се докаже пред целокупната македонска а и меѓународна јавност дека државата и судовите конечно ќе проработат во интерес на ѓраѓаните, а не на криминалците“, се вели во известувањето од штедачите. 
Значи, штедачите бараат прво Уставниот суд да го каже својот став во врска со поднесената иницијатива за поведување на постапка за оценување на уставноста и законитоста на членот 163 став 3 од Законот за банки.

„Со иницијативата на Здружението, поднесено е исто така и посебно барање за изрекување на привремена мерка со која ќе се сопрат од извршување сите подзаконски акти, како и сите дествија преземени од Законот за Банки, па се до конечната одлука која ќе ја соопшти Уставниот Суд“, велат штедачите.

Според податоците на НБРСМ познато е дека во банката отворени сметки имале повеќе од 2000 фирми, со вредност приближна на 13 милиони евра. Покрај нив свои сметки имале 136.000 домаќинства кои вкупно имале во Банката 112,3 милиони евра.
Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

И СТОПАНСКА БАНКА БИТОЛА ПОТВРДУВА: Се разгледува можноста за присоединување кон Комерцијална банка

И СТОПАНСКА БАНКА БИТОЛА ПОТВРДУВА: Се разгледува можноста за присоединување кон Комерцијална банка

Е СЕГА Е НАВИСТИНА СЕРИОЗНО: Комерцијална банка почнува длабинска анализа на Стопанска Битола за да се одлучи за можно присоединување

Е СЕГА Е НАВИСТИНА СЕРИОЗНО: Комерцијална банка почнува длабинска анализа на Стопанска Битола за да се одлучи за можно присоединување

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈСТАРАТА МАКЕДОНСКА БАНКА СЛАВИ 80 ГОДИНИ, А ИМА И УБАВА ВЕСТ - еве како оствари чист профит поголем од 14 милиони евра

НАЈСТАРАТА МАКЕДОНСКА БАНКА СЛАВИ 80 ГОДИНИ, А ИМА И УБАВА ВЕСТ - еве како оствари чист профит поголем од 14 милиони евра

„НОЌЕВАЊЕ ВО ОХРИД ЗА ДВЕ ИЛЈАДИ ДИНАРИ“: Еве како српски „Б92“ им го претстави македонскиот бисер на Србите

„НОЌЕВАЊЕ ВО ОХРИД ЗА ДВЕ ИЛЈАДИ ДИНАРИ“: Еве како српски „Б92“ им го претстави македонскиот бисер на Србите

ПЛАТА 120.000, А НЕ ВИ ТРЕБА ФАКУЛТЕТ! Младите се почесто отвораат сопствен бизнис во оваа област, а работници нема доволно во Србија

ПЛАТА 120.000, А НЕ ВИ ТРЕБА ФАКУЛТЕТ! Младите се почесто отвораат сопствен бизнис во оваа област, а работници нема доволно во Србија

САМО НЕБОТО Е ЛИМИТ ЗА МАКЕДОНСКИТЕ БАНКИ! Која од нив објави 19 милиони евра профит за три месеци?

САМО НЕБОТО Е ЛИМИТ ЗА МАКЕДОНСКИТЕ БАНКИ! Која од нив објави 19 милиони евра профит за три месеци?

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек

РАБОТАТ ОД ДОМА, А СААТНИЦАТА ДОСТИГНУВА 200 ЕВРА: Ова е список на работни места за кои многумина сонуваат

РАБОТАТ ОД ДОМА, А СААТНИЦАТА ДОСТИГНУВА 200 ЕВРА: Ова е список на работни места за кои многумина сонуваат