17 Декември, 2025
0.0565

ШПАРКАСЕ БАНКА ПРОДАВА СОПСТВЕНИ АКЦИИ ПРЕКУ ЈАВНА ПОНУДА - се бара сума од 76 илјади евра

Објавено во: Финансии 24 Јуни, 2022 07:15

Добивај вести на Viber

Една од банките од редот на големата банкарска петорка, Шпаркасе банка, продава сопствени обични акции, преку јавна понуда.

Таа објава може да се види на Македонската берза, во делот јавни понуди на хартии од вредност, каде има покана за запишување и уплата на хартиите од вредност, а заинтересираните страни треба да се регистрираат.

Вкупната сума на акциите кои ги продава Шпаркасе банка изнесува околу 76 илјади евра.  

Како што известува банката, бројот на акции што се запишуваат е 1.588 акции, а продажна цена на една акција е 2.938 денари. Односно, вкупната сума која се бара за овие акции е 4,67 милиони денари, или 75,9 илјади евра.

Иницијалниот датум на продажба е 28 јуни, а последниот датум за продажба е 30 јуни оваа година.    

Како што известува банката, акциите ќе се продаваат по моделот - модел на фиксна цена - давање на приоритет на налози со приоритет на помала количина и порано време на внес на налогот.

Тоа значи, според објаснувањето, дека цената по која ќе се продаваат акциите е веќе утврдена, а поголема шанса да купат од акциите ќе имаат оние брокери кои ќе запишат помала количина на акции за купување. Доколку запишат, пак, иста количина акции за купување, предност ќе има оној што порано го запишал налогот.

Како причини поради кои се продаваат акциите се наведува потребата од усогласување со Законот за банки, а која произлезе од спојувањето на Шпаркасе со Охридска банка.

„Во постапката за присоединување на Охридска банка кон Шпаркасе банка, Шпаркасе банка се стекна со сопствени акции. Постапката на сопствени акции се врши согласно обврска од член 75 од Законот за банките, согласно кој банката е должна да ги отуѓи сопствените акции во рок од една година по стекнувањето“, се вели во поканата од Шпаркасе банка.

Инаку, Шпаркасе банка има вкупно издадено 1.677.443 обични акции, а вкупниот номинален капитал изнесува 4,48 милијарди денари, односно близу 73 милиони евра.

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

Ова се просечните годишни плати во европските земји: Разликите се огромни, еве зошто

Ова се просечните годишни плати во европските земји: Разликите се огромни, еве зошто

Рекорд на сите времиња: Илон Маск е најбогатиот човек во човечката историја

Рекорд на сите времиња: Илон Маск е најбогатиот човек во човечката историја

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Голем скандал во автомобилската индустрија: Возачите плаќале повеќе, производителите на батерии казнети со 72 милиони евра

Голем скандал во автомобилската индустрија: Возачите плаќале повеќе, производителите на батерии казнети со 72 милиони евра

Димитриеска-Кочоска: Буџетот е во одлична кондиција и обврските нема да останат несервисирани

Димитриеска-Кочоска: Буџетот е во одлична кондиција и обврските нема да останат несервисирани

Европските индекси растат, цените на златото повторно се близу до историски максимуми

Европските индекси растат, цените на златото повторно се близу до историски максимуми

Рекорд на пазарот на недвижности: Пентхаус во Дубаи продаден за речиси 130 милиони евра

Рекорд на пазарот на недвижности: Пентхаус во Дубаи продаден за речиси 130 милиони евра

Дали се руши хрватскиот сон? Половина од платата оди за даноци, становите се прескапи, подобро е дома

Дали се руши хрватскиот сон? Половина од платата оди за даноци, становите се прескапи, подобро е дома

„Ти си Балканец, ќе ни работиш за џабе“: Што навистина значи животот и работата во Швајцарска

„Ти си Балканец, ќе ни работиш за џабе“: Што навистина значи животот и работата во Швајцарска