23 Јули, 2024
0.0242

ШП-АРТ-УМЕТНОСТ на Меѓународната ликовна колонија „Вевчански видувања 2024“

Објавено во: Мои пари 24 Јуни, 2024

Добивај вести на Viber

Околу 30 уметници од земјава и од странство учествуваат на 13. Меѓународна ликовна колонија „Вевчански видувања 2024“, што од 22 јуни до 6 јули ќе се одржува во Вевчани.На настанот се и избраните млади таленти од Конкурсот за млади сликари 2024, што го распишаа Шпаркасе Банка АД Скопје и Меѓународната ликовна колонија „Вевчански видувања“.

Конкурсот, како дел од „Шп-арт-клуб“ на Шпаркасе Банка, и годинава разбуди голем интерес меѓу младите уметници, а најкреативните уметнички дела, од страна на организаторот и стручното жири беа избрани десет дена да бидат дел од овогодишното издание на Меѓународната ликовна колонија.

Свеченото отворање на 13. Меѓународна ликовна колонија „Вевчански видувања 2024“ се одржа на 22 јуни каде што присуствуваше и претседателот на Управниот одбор на Шпаркасе Банка АД Скопје, г. Санел Кустурица, заедно со други претставници од Банката. Г-ѓа Ефимија Угриноска Кукоска, организаторка на колонијата, изјави дека и годинава се потврдува разноликоста на талентираните уметници од целиот свет што ќе учествуваат на колонијата, а додаде и дека колонијата „Вевчански видувања“ во изминатите 13 години прерасна во значаен културен настан, кој поттикнува креативност, соработка и културна размена.

По завршувањето на колонијата, Шпаркасе Банка ќе организира хуманитарен настан, на кој сликите на младите уметници ќе бидат понудени на јавна аукција, а собраните средства ќе бидат донирани во хуманитарни цели.


Шпаркасе Банка, според својата стратегија за корпоративна општествена одговорност „Sparkasse Life“, е посветена на промовирање на младите креативци, негувајќи ја нивната визија за идните уметнички стандарди.

ПР објава

Можеби ќе ве интересира

„И ОДМОР, И ЗАШТЕДА“ – ПРОМОТИВЕН ОРОЧЕН ДЕПОЗИТ НА ПРОКРЕДИТ БАНКА СО АТРАКТИВНИ КАМАТНИ СТАПКИ НА САМО 13 МЕСЕЦИ

„И ОДМОР, И ЗАШТЕДА“ – ПРОМОТИВЕН ОРОЧЕН ДЕПОЗИТ НА ПРОКРЕДИТ БАНКА СО АТРАКТИВНИ КАМАТНИ СТАПКИ НА САМО 13 МЕСЕЦИ

Соопштение за најавите на Министерството за финансии за одземање на две лиценци за приредување игри на среќа

Соопштение за најавите на Министерството за финансии за одземање на две лиценци за приредување игри на среќа

ОКТА продолжува со спроведување на донаторски проекти во обновливи извори на енергија

ОКТА продолжува со спроведување на донаторски проекти во обновливи извори на енергија

Победете ги летните дигестивни предизвици со јогурт со пробиотици

Победете ги летните дигестивни предизвици со јогурт со пробиотици

СРЕЌНИ ВЛТ ВЕСТИ: ИГРАЧ ОД БИТОЛА ОСВОИ СУПЕР МИЛИОНЕР ВРЕДЕН 7.816.621 ДЕНАРИ

СРЕЌНИ ВЛТ ВЕСТИ: ИГРАЧ ОД БИТОЛА ОСВОИ СУПЕР МИЛИОНЕР ВРЕДЕН 7.816.621 ДЕНАРИ

IQOS караванот на нова локација, во Струга

IQOS караванот на нова локација, во Струга

Новиот бестселер „Само ова лето“ од Аби Хименез е романса што ќе се чита многу лета

Новиот бестселер „Само ова лето“ од Аби Хименез е романса што ќе се чита многу лета

Анхоч Дискавери (Anhoch Discovery) – Откријте го најексклузивниот продажен салон за ИТ, гејминг и аудио опрема во Македонија!

Анхоч Дискавери (Anhoch Discovery) – Откријте го најексклузивниот продажен салон за ИТ, гејминг и аудио опрема во Македонија!

АНЃУШЕВ: ИМАМЕ РЕШЕНИЕ ЗА ВИШОКОТ ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА - СМАРТ БАТЕРИСКИ СИСТЕМ ЗА СКЛАДИРАЊЕ И УПРАВУВАЊЕ НА СТРУЈАТА

АНЃУШЕВ: ИМАМЕ РЕШЕНИЕ ЗА ВИШОКОТ ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА - СМАРТ БАТЕРИСКИ СИСТЕМ ЗА СКЛАДИРАЊЕ И УПРАВУВАЊЕ НА СТРУЈАТА