ШОПИНГОТ ВО СОЛУН МОЖЕ И ДА НЕ Е ТОЛКУ ЗАБАВЕН - задолжително симнете го Европскиот дигитален ковид сертификат, за децата се бараат брзи тестови
Објавено во: Македонија 07 Ноември, 2021 18:56
Многу
од граѓаните од земјава кои вчера заминаа за Солун, на шопинг, прошетка покрај
море или едноставно ручек или кафе во некој од своите омилени ресторани, на
стартот на ова викенд уживање имаа и непријатно искуство.

Имено, во сите омилени продавници во кои поитаа да се подноват со по некое модно парче, наидоа на љубезни, но и непопустливи вработени, „наоружани“ со таблети и мобилни телефони, кои им го побараа нивниот ковид сертификат.

Но, маките не завршуваа тука. Дел од Македонците кои не го симнале Дигиталниот европски ковид сертификат, не можеа да влезат буквално во ниту еден дуќан. Нашите ковид сертификати кои ги имаме испечатени во хартиена форма или на мобилните телефони, грчките читачи едноставно не ги препознаваат.

Вработените во моловите и продавниците за облека велат дека без Дигитален европски ковид сертификат не смеат да ве пуштат, бидејќи ќе дојде полиција, по што би биле принудени да платат високи казни.

Дел од нив, сепак, беа прилично љубезни да им објаснат на Македонците „шопингаши“ дека на нашиот сајт Вакцинација.мк, може да се симне Дигиталниот европски ковид сертификат, кој потоа читачите го препознаваат, по што „нападот“ низ солунските модни брендови може да почне.

Инаку, симнувањето на Дигиталниот европски сертификат не е комплицирана операција и се завршува за неколку минути, но најдобро е гтоа да се стори пред да се замине на „викенд задоволството“.

Сепак, само европскиот дигитален сертификат не е доволен, па при влез во речиси секоја продавница ќе мора да прикажете и документ за лична идентификација, односно вашиот пасош.
Истото важи и за посета на кефетериите, таверните и рестораните и воопшто сите угостителски објекти каде што се служат храна и пијалоци, каде, сепак, владее малку поголема попустливост во однос на продавниците.

Дел од македонските граѓани кои заминаа за Грција имаа и други проблеми. Имено, малите деца за кои не е задолжително да се покаже негативен ПЦР тест на граница, не можеа да влезат во продавнците. За нив вработените во дуќаните бараа задолжително негативен рапид тест, што ги изложи на дополнителни трошоци нашите граѓани.
Сето тоа даде една не сосема пријатна нота на „Солун турата“, но факт е дека на тој начин нашата соседна држава решила да се штити од се поголемиот број заразени од коронавирусот.

Инаку, овие нови мерки во Грција стапија на сила токму од вчера утрото, откако беа објавени во Службен весник на таа држава. Според тие нови правила, секој што ќе сака да влезе скоро било каде во Грција, ќе треба да прикаже Дигитален европски ковид сертификат, односно сертификат за вакцинираните, или потврда за прележаните, и негативен рапид тест за невакцинираните, заедно со документ за лична идентификација. Сето ова е обврзно за речиси сите затворени простори во Грција, со исклучок на маркетите и продавниците за храна, аптеките, бензинските пумпи и црквите. Децата, пак, од четири до 17 години, може да влезат само со негативен резултат од брз тест.
Н.Н.Ф.
Можеби ќе ве интересира
Одреден е притвор за Стафа, а Љупчо Пецов - Ѓаволот е лицето за кого се обидел да поткупи судија
Отворен граничниот премин Богородица по четири часа блокада
Филипче повторно повика пратениците да ја потпишат декларацијата на СДСМ за мигрантите
МАКЕДОНИЈА ИМА СИЛА ДА БИДЕ НОРМАЛНА ЗЕМЈА: Тошковски вели дека сме станале вистински Европјани
„ВИСТИНАТА Е ДЕКА МИНАТАТА ВЛАСТ ИЗРАБОТИЛА НАЦИОНАЛНА СТРАТЕГИЈА ЗА ПРИФАЌАЊЕ МИГРАНТИ 2017-2027“: Мицкоски за темата со мигрантите
Стафа примил мито од 50.000 евра за да влијае кај судија
СЕ ОГЛАСИ ДИМИТРИЕВСКИ ЗА МИГРАНТСКИТЕ КАМПОВИ: „ЗНАМ нема никогаш да даде поддршка“
Крај на опасната крстосница во Аеродром: Се поставува семафор на улицата Васко Карангелески
ТОШКОВСКИ ПОТВРДИ ДЕКА Е УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Повеќе детали најавува наскоро




