Шолц не прифаќа предвремени избори и покрај „црвениот картон“ што го доби
Објавено во: Свет 11 Јуни, 2024 10:29
Германскиот канцелар Олаф Шолц ја отфрли опцијата за одржување предвремени парламентарни избори, како по примерот на Франција, по лошите резултати на неговата владејачка коалиција на европските избори, изјави денеска неговиот портпарол.
Идејата за предвремени избори што ја бараа екстремната десница и некои конзервативци не беше разгледана „во ниту еден момент“, рече Штефен Хебстрајт, и покрај „малку задоволителните“ резултати на социјалдемократите, Зелените и либералите - на штотуку одржаните европски избори.
„Датумот за редовни избори е одреден есента 2025 година. Тоа е она што ние предвидуваме да го направиме“, рече портпаролот и укажа на големите разлики меѓу францускиот систем, каде претседателот има водечка улога, и германскиот систем, каде што целата национална извршна власт е во рацете на канцеларот и неговата влада. .
Трите партии, кои се во владејачка коалиција од крајот на 2021 година, заедно собраа помалку од една третина од гласовите на европските избори одржани пред два дена.
Голем победник на изборите е конзервативната група Христијанско-демократска унија (ЦДУ) и нејзината баварска сестринска Христијанско-социјална унија (ЦСУ) со 30 отсто од гласовите освоени во Германија, а по неа е екстремно десничарската Алтернатива за Германија (АфД) со 15,9 отсто гласови.
Лидерот на ЦСУ Марк Зедер вчера повика што поскоро да се организираат избори и нов почеток на земјата.
Тој за телевизијата НТВ изјави дека владата на Шолц повеќе „нема никаква поддршка од населението“.
Копретседателката на AfD, Алис Видел, на својот профил на мрежата X напиша дека Шолц треба да исполни само уште една задача, а тоа е да го отвори патот за нови избори наместо да владее уште една година против огромното мнозинство од населението.
Од формирањето на Сојузна Република Германија во 1949 година, предвремените избори се одржани три пати по неуспешното гласање за доверба на владата во Бундестагот,
Можеби ќе ве интересира
ЕУ ГО ЗАМРЗНА РУСКИОТ ИМОТ: Фон дер Лајен порача дека ако Русија и натаму војува, трошоците само ќе растат
(ВИДЕО) ПОПЛАВИ ВО САД: Куќи се кренаа од темели, мостови се уништени
(ВИДЕО) Напад во Црното Море: Ракета „Искендер“ погоди турски патнички и товарен брод во Одеса
Стариот континент доминира на листата на најдобри – еден град отиде чекор понатаму
Трамп потврди дека САД ќе почнат напади врз копнените маршрути по кои се транспортира дрога од Венецуела
(ВИДЕО) Зеленски шета низ Купјанск за кој Русија oбјави дека го окупирала
Итна евакуација на жителите на Вашингтон: Клучни денови за безбедност
Путин тврди дека го зазеле украинскиот град Северск




