(ШОКИРАЧКО ВИДЕО) КАКО ЕВРОПРАТЕНИКОТ ЏАМБАСКИ ПОЛЕВА ДЕМОНСТРАНТИ СО ЦРЕВО - жестокиот противник на Македонија фрла и петарди
Објавено во: Балкан 22 Ноември, 2020
Како што објавија дел од бугарските медиуми, на социјалните мрежи таму се појавило видео на кое се гледа како европратеникот на ВМРО, Ангел Џамбаски, фрла петарди кон демонстрантите пред седиштето на партијата, а го полева и со вода од црево.
Видеото го споделил Иво Мирчев од „Демократска Бугарија“.За потсетување, пред неколку дена имало тензии, откако демонстрантите, кои со месеци бараа оставка од премиерот Бојко Борисов и главниот обвинител Иван Гешев, решија да одат во седиштето на ВМРО во центарот на Софија.
По петардите и полевањето со црево и вода од прозорецот на горниот кат, каде што е сместена ВМРО, вратата била искршена. Според информациите, полицијата која пристигнала на местото привела две лица, пишуваат медиумите.
Инаку европратеникот Џамбаски е најжесток говорник против Македонија во Европскиот Парламент. Со неговиот партиски лидер, пак, Красимир Каракачанов, секојдневно ги подгреваат националните апетити на Бугарите од Санстефанска Бугарија со непризнавање на Македонија како држава, исто како и нашиот јазик и идентитет.
Погледнете го видеото.