ШОКАНТНИ СОЗНАНИЈА: БРАТОТ И ТАТКОТО НА ЕДЕН ОД ОСОМНИЧЕНИТЕ ПОМАГАЛЕ ВО ЗЛОСТОРОТ? - одреден им е притвор од 48 часа
Објавено во: Балкан 06 Април, 2024
Полицијата во Бор ги приведе братот и таткото на еден од осомничените за убиството на двегодишната Данка Илиќ. Тие беа донесени синоќа и по разговорот им беше одредена мерка притвор во полиција до 48 часа под сомнение дека помагале во злосторот, изјави началникот на УКП Нинослав Чмолиќ во утрисното гостување на ТВ Прва, пишува Телеграф.рс.
Осомничените за убиството на Данка, Срѓан Јанковиќ и Дејан Драгијевиќ, од синоќа се во притвор под сомнение за убиство.
Како што дознава Телеграф, Дејан во Обвинителството раскажал како се случила трагедијата. Срѓан се бранел со молчење.
Чмолиќ на ТВ Прва изјави дека „возачот на автомобилот ја раскажал својата верзија на приказната, која се совпаѓа со онаа на сопатникот“.
– Возачот не знае каде е скриено телото. Патникот го знае тоа, меѓутоа, разговарале два-три дена потоа, а вториот му рекол: „Тоа е моја грижа, направив што требаше“ – изјави Чмолиќ утрово.